19 Декември, 2025
0.0560

Д-р. Стојанов за Фактор: Ако продолжи вака, неминовен е нов „локдаун“

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2020 12:05

Добивај вести на Viber

Уште не е толку лошо и во моментов не размислуваме за нови дополнителни мерки и рестрикции. Сепак, ако продолжи да се зголемува бројот на новозаразени на дневно ниво слично како вчера и ако има притисок за многу нови хоспитализации неминовно ќе биде да се оди на таканаречен „локдаун“ од следната недела, вели за Фактор директорот на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести, д-р. Александар Стојанов. Во Македонија во последното деноноќие за кое има податоци односно од петокот кон саботата имаше нови 1.085 новозаболени, број кој беше 33 отсто од вкупниот број тестирани. Стојанов вели дека има чувство дека движењето на граѓаните малку е намалено, па смета дека треба да се почека уште неколку дена. Тврди дека освен бројот на новозаразени притисок и параметар за нови мерки е бројот на луѓе примени во болница. Капацитетите се полнат но се уште има простор.

„Ова можеби за мене не психолошка бројка и граница на новозаболени. Ако дојдеме до 2.000 на дневно ниво, тогаш би било загрижувачко. Бројките се слични и во Босна и Херцеговина и во Србија. Да, има затворање во повеќето европски земји, но ние ќе почекаме, да видиме како ќе делуваат овие мерки. Па и овие новозаболени се инфицирале од пред неколку дена. Имаме простор за хоспитализации, треба да видиме една недела и како ќе се реагира од овие новите мерки. Апелирам граѓаните да не се движат ако не мораат и секако ако продолжи ова вака ние неминовно ќе мора да затвораме. Тоа би значело да не работи тоа што нема потреба, секако тоа се и кафулињата, вели д-р Стојанов.

Тој додава и дека голем проблем е персоналот. Односно и да се наоѓаат капацитети во простор и кревети има малку луѓе кои се слободни за работа со болните.

Други членови од Комиисјата за Фактор велат дека прво ќе с еоди кон затворање на објекти, не кон полициски час. Сепак ништо не е исклучено.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот