Добивај вести на Viber
Доктор Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вчера преку фејсбук излезе со критика за давањето на лекот сумамед на болните од ковид.
„Со почетокот на КОВИД-19 пандемијата, Сумамед (азитромицин) стана најпопуларен антибиотик, кој во почетокот се сметаше за единствен спас. Во голем број на држави на сите позитивни (со ПЦР) се даваше овој антибиотик, за среќа повеќето здравствени системи се откажаа од оваа нелогична, непотребна и штетна терапија. Притоа се заборавија основните начела од медицината базирана на докази во употребата на еден антибиотик. Прво, КОВИД-19 е вирусно заболување, антибиотиците (кои се наменети исклучиво за лекување на бактериски инфекции) немаат никаквоо дејство на вирусите. Вториот нарушен принцип е многу важен, давање на антибиотик за време на вирусна инфекција е ШТЕТНО, поради супримирање на нормалната флора во горнореспираторен тракт. Теориите дека се дава Сумамед на вирусна инфекција за секој случај (не делува ама нема штета) се опасни. За шест дена колку што ка нас до сега се дава азитромицин (плус 68 часа дејство по прекинот на терапијата) ќе ги супримира бактериите, а азитромицинот делува на многу бактерии, така да евентуалната пневмонија која би настанала по прележување на вирусна инфекција, (општо познато и прифатено во науката е појавата на секундарни бактериски компликации, меѓу кои и бактериска пневмонија) ќе биде од бактерија која била резистентна, односно давањето на аитромицинот (за жал кај нас уште плус се додава и Панцеф, а неретко и трет антибиотик) немало никакво дејство на ова бактерија. Значи, пнавмонијата која ќе се развие после било која вирусна инфекција, а истата вирусна инфекција била лекувана со антибиотик, ќе биде од бактерија на која даваниот антибиотик воопшто не делувал. Матичните лекари треба да сфатат дека лично одговараат за секоја постапка и секој даден лек. Теориите дека некој од горе рекол да се дава Сумамед (и плус уште некој антибиотик) ќе ги доведе нивните пациенти во голема опасност, а тие како лекари нема да можат никако да се оправдаат зошто давале антибиотик на вирусна инфекција.. Уште поголема грешка е откако еден ваков пациент лекуван со азитромицин и панцеф, развие пневмонија, (која со сите параметри во крвта е бактериска), да се продолжи лекување со азитромицин и третогенерациски цефалоспорин. Давањето на Сумамед како анти инфламаторен лек кој ќе ги намали цитокините, пред се тумор некроси фактор алфа, кај пациенти со КОВИД-19 е неоправдано, затоа што досега во овие 8 месеци науката потврди дека нема цитокинска бура кај КOВИД-19, односно и ако се јави цитокинскка бура кај мал број пациенти, тоа е само кај ти што направиле сериозна бактериска компликација“, пишува проф др Вело Марковски.
И додава.
„Бидејќи многумина прашуват како да се лекува: се надевам дека на сите им е јасно дека вирус не се лекува со антибиотик. За жал не знам како поинаку да објаснам дека тоа прави штета во понатамошното лекување. Ако некој има симптоми и во крвните анализи има знаци на бактериска инфекција, тогаш матичниот е тој што ќе треба да одлучи со што. За тие што обвинуваат дека не сум давал придонес, на моите фб профили и на мојата страница имам објавено цел водич (објавен и во научно списание) наменет за лекари (општа медицина, интернисти...) како да се води пациент со било која респираторна инфекција за време на КОВИД-19 пандемија. Не се обидувајте да се лекувате сами“, пишува овој епидемиолог.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.