„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2025 08:33
Жанета Трајковска од граѓанскиот сектор, преку ФБ вели да се смени и грб, и химна и Устав....
„Ако, ако - сменете и грбот на Македонија, па после и химната, Уставот и така и вака е швајцарско сирење - се сече и дупчи по потреба, тој и така веќе е забришан... Знаме и име сменивме, што би се рекло континуитет на конститутивниот македонски народ може да се сведе на нула, континуитетот на државата на 2 нули, а идентитетот забетониран може да го закачите јавно и да служи како показна вежба како се уништува еден народ и една држава која некогаш мислела дека е држава.
Да беше жена која користи ботокси и филери, Македонија ќе личи на унаказена жена која ја имаат уништено надрилекари и пазарџии за ситна пара и влијание.
Туку, се средивте во државата: воздух, загадување, смрдеа, ѓубре, криминал, дрога, хаос, корупција, непотизам, крадење, убиства, урбицидот, реките, планините, храната, сиромаштијата, економијата, платите, развојот, образованието, здравството, малигните заболувања, лековите, сообраќајот, државните злоупотреби, цицањето на буџетот, градинките, обезбедивте тоалетна хартија и сапун во школите и во болниците, го решивте хаосот на Клинички, има пензии за сите и сите имаат ист пристап до образование и култура и здравство. Браво! И сега на крај ќе преговарате дали лав, дали орел ќе стои на грбот на Македонија и дали ќе пееме Денес над Македонија се раѓа или нешто шесто.
Абе алал да ви е - па оти да не, кога ни цветаат ружи...бугарски!“, напиша таа на фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




