Да бидеме пообјективни и да се дознае вистината за Делчев, бара бугарски професор
Објавено во: Македонија, Балкан 16 Септември, 2020
Предлогот на Драги Ѓоргиев за паралелни гледишта за Делчев е апсурден, вели бугарскиот професор Кирил Топалов.
Тој вели дека со ова Бугарија се става пред свршен чин.
Додава дека Македонија сака да добие зелено светло за преговори со Европската Унија, но позицијата на Македонија е иста.
Тврди дека македонските власти на рационален начин се справувале со проблемите, со безначајни фрази.
Тој, како што пренесува БГНЕС апелира до своите колеги од Македонија да бидат пообјективни.
„Нашиот колегијален апел, со сета почит кон нив, е да бидеме пообјективни, да бидат
научници, да им служат на научните тези, а не на политички каузи.
Научникот, за разлика од политичарот, го жртвува целиот свој живот за да ја докаже
вистината. Политичарите не можат секогаш да се пофалат со овој квалитет, но тоа е
апсолутно задолжително за научниците“, вели Топалов.
Во послените месец дена ликот и делото на Гоце Делчев беа тема која ги разгорува македонско - бугарските односи.
Наскоро комисиите треба да имаат средба и да разговараат.
ВМРО-ДПМНЕ вчера организираше протест и порача дека Гоце Делчев е последниот бастион и црвена линија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.