21 Мај, 2025
0.0345

Да, да ова е во Македонија! Кој исплати, а кој наплати 179 милиони евра дивиденда?

Објавено во: Економија 26 Август, 2024 08:54

Добивај вести на Viber

Најголема дивиденда годинава во Македонија (за ланското успешно работење н.з.) исплати НЛБ Банка и таа изнесува 36,6 милиони евра. Од друга страна кај Комерцијална банка најголем дел од дивидендата (над 30 милиони евра н.з.) останаа во Македонија затоа што оваа компанија е во доминантна сопственост на домашни акционери. Во големата тројка е и гигантот Македонски телеком кој исплати 36 милиони евра од кои над 12 милиони евра ќе и припаднат на Владата односно на централниот буџет

Крајот на август е веќе период во кој може да се сумираат резултатите од акционерската жетва 2024 година. Станува збор за илјадници акционери сопственици во 28 македонски акционерски друштва кои од ланските добивки на нивните компании наплатија 178,6 милиони евра од дивиденда.

Бројката е фасцинантна и во споредба со дивидедната што се делеше лани за добивките од 2022 година е повисока за 10 отсто. Значи македонската копроративна заедница може и знае. Нејзините акционери се задоволни и среќни од добивките на компаниите. Тоа е генералната оценка затоа што не можат сите да бидат подеднакво среќни. Некои се помалку, а некои односно повеќето се подобро наградени во споредба со претходната година.

Од сите 28 компании чии акционери одлучија да биде исплатена дивиденда дури 13 имаат вкупни износи на исплата на дивиденда кои се поголеми од 1 милиони евра. А меѓу нив шест компании исплатиле износи на дивиденда повисоки од 10 милиони евра.

И не може а да не потенцираме дека корпоративната заедница е корисна и за државниот апарат. Преку УЈП државата во централниот буџет си наплати речиси 18 милиони евра од данок на добивка односно од персоналец по основ на исплатената дивиденда.

Најголеми износи на дивиденда годинава исплатија гигантите „Македонски телеком“, „Комерцијална банка“ Цементарницата Усје и НЛБ Банка. Одлучуваа нијанси во исплатените износи, но честа да биде компанија со највисок износ на исплатена дивиденда и припадна на НЛБ Банка. Таа на своите акционери им исплати 36,6 милиони евра бруто дивиденда!

Македонски телеком на своите акционери (најголеми се Дојче Телеком и македонската Влада) им исплати вкупно 35,97 милиони евра бруто дивиденда.

Трета на листата најголеми исплаќачи е Комерцијална банка со исплатени 33,7 милиони евра бруто дивиденда. Тука заради објективност е вредно да се истакне дека огромен дел од таа дивиденда останаа во Македонија затоа што огромно мнозинство акционери се македонски државјани и домашни правни лица. Од овој аспект придонесот на Комерцијална банка кон домашната економија е најголем во споредба со сите големи конкуренти.

Усје е четврт најголем исплаќач на дивиденда. Годинава нејзиниот доминантен странски акционер и стотината мали акционери домашни физички лица наплатија бруто дивиденда од 24,54 милиони евра.

На ранг листата најголеми следат Мермерен комбинат Прилеп со 13,1 милиони евра и македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид со 12,6 милиони евра.

Во милионерите се уште: „Макпетрол“ со 6,1 милиони евра, УНИ Банка со 3,27 милиони евра, ОИЛКО со 2,3 милиони евра, градежниот гигант „Гранит“ со 1,89 милиони евра, ТТК Банка со 1,7 милиони евра, „Македонијатурист“ со 1,32 милиони евра и „Реплек“ со 1,2 милиони евра.

Од другите компании чии акции се тргуваат на берзата и известуваат редовно и навремено за исплата на дивиденда во ова друштво се: скопска „Европа“, „Фершпед“, „Раде Кончар“ апаратна техника, прилепските компании „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“, „Осигурување Македонија“, „Технокомерц“, „Адинг“, велешки „Ветекс“, „Дебарски бањи“, РЖ Техничка контрола, битолски „Фустеларко Борец“, Рудници „Бањани“ и БИМ од Свети Николе.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ ТАКСА ЗА МАЛИТЕ ПАКЕТИ НА ТЕМУ И ШЕИН - повеќе нема да бидат ослободени од царина

ЕУ ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ ТАКСА ЗА МАЛИТЕ ПАКЕТИ НА ТЕМУ И ШЕИН - повеќе нема да бидат ослободени од царина

Фактор анализа ПОЛОГ 2024: Како бизнисмените од руралните општини им држат лекции на стопанствениците од Тетово и Гостивар!

Фактор анализа ПОЛОГ 2024: Како бизнисмените од руралните општини им држат лекции на стопанствениците од Тетово и Гостивар!

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?

ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка