„ДА ГИ ОБЈАВИМЕ НЕЧЕСНИТЕ“: Скандалозно споделување експлицитни фотки од жени од Македонија на социјални мрежи, МВР истражува
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2021 08:41
Експлицитни приватни фотографии и видеа на жени и девојки се објавуваат на неколку социјални мрежи. Фотографиите се преземени од јавните профили, но и од приватни разговори засегнатите. Лицата ги уценуваат и им се закануваат на жртвите, а упатуваат и повици за да ги обелоденат, како што велат тие, „нечесните жени“.
Фејсбук страницата на која се споделуваат експлицитни приватни фотографии има повеќе од 1 800 лајкувања и над 2 000 следачи. Создадена е на крајот на август, на почеток со политички содржини, за последниве денови да се исполни со интимни фотографии на девојки најчесто од ромска националност. Ова пред неколку денови го лоцирала невладината иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и уште во петокот пријавила во полиција.
Целта на тоа, според активистката за правата на жени, Салија Бекир Халим, е валкање на честа и репутацијата на жените. Откако таа го крена гласот, беше објавена и нејзина слика.
Од МВР се известени за случајот и моментално работат на приведувања. Велат дека во текот на пандемијата ова појава видно се зголемила и додаваат дека најчести жртви се жените, а најмногу младите девојки. За ова, полицијата на Северна Македонија во соработка со полиција на Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ја започна кампањата „Кажи не“, која има за цел борба против сексуалната злоупотреба на интернет.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




