19 Декември, 2025
0.0415

Да излеземе од лудилото, и да му помогнеме на Марко-Детето гениј

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 13:31

Добивај вести на Viber

Еуфоријата од изборите полека спласна а политичкото лудило кога тогаш ќе заврши.

Дека државата одамна не им помага на оние на кои им е најпотребна помошта тоа го видовме.

Малиот компјутерски Моцарт, пред неколку дена ја изгуби својата мајка Радица, која му беше најголема поддршка и ПР менаџер, му е потребна помош .

Генијалецот по информатика, кој што стана познат уште од својата шестгодишна возраст со успесите што ги постигна во областа на компјутерите, остана сосема сам во Скопје, откако мајка му почина по долгата битка со ракот. Тој живее во изнајмен стан во населбата Аеродром, без никој близок кој што би му помогнал. Како што дознаваме од пријатели на Радица, неговиот татко живеел во Америка, и по разделбата со мајка му, не му помагал финансиски, додека пак родителите на Радица, живеат во Неготино и не се состојба да ја плаќаат неговата месечна кирија од 200 евра, но и патувањата на натпреварите кои што се неизоставен дел од неговиот живот со години наназад.

Фокус прв апелираше да му се помогне на Марко, со што веќе јавноста добро е упатена во целата сторија.

„Сам сум во Скопје, се договоривме со баба ми и со дедо ми да доаѓаат често, но сепак тие не можат да бидет постојано со мене, и не се во можност финансиски да ми помогнат. Немам никаква помош ниту од мојот татко. Се надевам дека државата ќе ми излезе во пресрет. Деновиве ќе отворам сметка во банка, која што ќе биде доставена до редакцијата на Фокус и ќе им бидам благодарен на сите кои што сакаат да ми помогнат’’, изјави тој.

Познати личности веќе се одважија и понудија помош.

Момците од ДНК веднаш дадоа ветување дека ќе се потрудат првите шест месеци да му ја покријат киријата на Марко, а Елена Ристеска вети дека ќе го стори истото во наредните шест. Сефер Цановски понудил детето да биде сместено во Студентскиот дом на Фон, но најверојатно ќе се бара помош детето да остане во станот каде што живее.

Затоа апелите се да му помогнеме на нашиот Гениј во следните две години да ги проживее и да се фокусира на новите предизвици пред да замине на студии во Америка.

Доколку сте заинтересирани и ви се потребни повеќе информации како да му помогнете на Марко информирајте се на овој број +389 71496738, а наскоро ќе биде објавена и донаторска сметка за која дополнително ќе информираме на која ќе може хуманите да го покажат своето дело.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината