26 Декември, 2024
0.0481

Да му се суди во Македонија, бара дипломатот Миленкоски

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Дипломатот Миле Миленкоски сака да му се суди во Македонија. 

Тој е вмешан во македонско-ерменската афера и  беше уапсен во Србија кон крајот на август. Дипломатот испратил писмо преку своето семејство до редакцијата на „Слободен печат“ во кое бара да биде екстрадиран во Македонија. 

„Од страна на Судот ми беа доставени доказите од Ерменија. Во нив нема ништо што би укажувало на моја вина, ниту пак може да има. Копија од доказите е доставена до надлежните институции во РСМ. Верувам дека РСМ е правна држава и, оттаму, верувам дека надлежните ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот се опфатени 7 лица, од кои 6 се државјани на РСМ. Притоа, РСМ би побарала од Република Србија да бидам префрлен во РСМ. На овој начин правдата би била задоволена и случајот комплетно разрешен, што е моја најголема желба во моментов“, пишува Миленкоски.

Овој скандал се откри дури годинава, откако српските власти на 27 август го притвориле македонскиот дипломат Миле Миленкоски. Тогаш се објавија и неофицијални информации дека при тоа бегство од Ерменија бил извлечен и ерменскиот дипломат Левон Саркисјан, кој исто така бил осомничен, а подоцна и обвинет за корупција и перење пари. 

фото Линкедин

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор