11 Декември, 2025
0.3005

„ДА НЕ НИ СЕ ВРАТАТ ИСКОРЕНЕТИ БОЛЕСТИ“: Екипи на Здравствен дом Скопје активно вклучени во Неделата на имунизација

Објавено во: Македонија 25 Април, 2023 07:19

Добивај вести на Viber

Довербата во вакцините значително опадна, предупредува извештајот на УНИЦЕФ, непосредно објавен пред Неделата на имунизација. Во листата препораки конкретно за Македонија УНИЦЕФ наведува дека мора да се продолжи со идентификување на сите невакцинирани деца и секако тие да се вакцинираат, а особено оние дечиња кои пропуштија вакцинации за време на пандемијата на Ковид-19. Се препорачува да се зајакне довербата во вакцините и побарувачката, вклучително и преку тесна соработка со локалните заедници со цел решавање на нивните потреби и грижи поврзани со вакцинацијата, исто така да се даде приоритет на финансирањето на службите за имунизација и примарната здравствена заштита, како и да се изградат отпорни здравствени системи преку инвестирање во здравствените работници.

Во оваа насока, токму во Неделата на имунизација која трае од 23. до 29. април активно се вклучи и Здравствен дом Скопје со своите тимови кои излегуваат на терен во неколку скопски општини.

- Здравствен дом Скопје е вклучен во Неделата на имунизација, на територија на три општини, односно во Ѓорче петров, Чаир и Гази Баба и нивни околни населени места. Превентивни тимови излегуваат на терен со цел да се информираат родителите за важноста на имунизацијата на нивните деца, особено за оние деца кои не се вакцинирани или пропуштиле некоја вакцина. Целата акција е за зголемување на опфатот со редовно иминизирани деца, затоа нашите тимови даваат детални информации и советуваат за бенефитите од редовната имунизација. Занчи, ги  информираат родителите и закажуваат во најблиските вакцинални пунктови. Според најновиот извештај на УНИЦЕФ Македонија е на второ место во светот по бројот на деца кои не примиле вакцина од раѓањето. Тоа е загрижувачки податок. Затоа подоцна ќе се соочуваме со појава на болести кои се сметаат за искоренети. Уште се бориме со подигнување на свеста за имунизација од морбили. Пред неколку години имавме епидемија на ова опасно вирусно заболување. Мора да се разбере дека имунизацијата е од клучно значење за превенција на болестите кои може да бидат смртоносни. Нашата мобилна екипа денеска е во Шуто Оризари од 9 до 13 часот, посочува во разговор за Фактор директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски.

Освен тоа, како што појаснува д-р Изјановски, тимовите кои се составени од лекар, медицинска сестра и возач, покрај советите кои ги даваат за редовна вакцинација, со себе носат и вакцини против Ковид-19 на компанијата Фајзери за оние повозрасните во домовите кои сакаат да примат бостер доза.

Најновите податоци во извештајот на УНИЦЕФ направен врз основа на истражувања во 55 земји во светот, покажуваат дека дури во 52 земји стапките на вакцинација се намалени за повеќе од една третина и тоа во Јужна Кореја, Папуа Нова Гвинеја, Гана, Сенегал и Јапонија. 29 од вкупниот број проучувани држави се во Европа и во Централна Азија. Босна и Херцеговина, Киргистан и Македонија се на второ место поневакцинираност, додека само во три земји - Кина, Индија и Мексико - податоците покажуваат дека луѓето останале позитивни за здравствените придобивки од вакцинацијата.

Што се однесува конкретно за Македонија, извештајот покажа дека за разлика од светските трендови каде невакцинираните деца се главно во најнеразвиените и најсиромашните земји, во Македонија бројот на деца со „нула дози“ е во градовите и тоа во најбогатите и најразвиените делови од државава.

Анита Буховски


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов