19 Декември, 2025
0.0563

ДА СЕ УКИНЕ МЕРКАТА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ОД РАБОТА: Што друго препорача Комисијата за заразни болести

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2022 14:05

Добивај вести на Viber

Комисијата за зарасни болести на редовната прес-конференција ја соопшти актуелната епидемиолошка состојба во Македонија, а портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ посочи и кои мерки ги препорачале до министерот Беким Сали, мерки кои потоа ќе се најдат и пред владиниот Кризен шатб.

Првата препорачана мерка од страна на членовите на Комисијата за заразни болести се однесува на укинување на задолжителното прикажување негативен ПЦР тест, како и сертификат за прележаност и вакцинација при излез од земјата.

-Сепак ова не значи дека граѓаните не треба да поседуваат вакви документи доколку патуваат во земја каде што се уште важат овие мерки. Оваа мерка би важела само при излез од нашата земја, нема да го бараат нашите службени лица, истакна д-р Мехмедовиќ.

Втората мерка се однесува на бремените жени, односно Комисијата, како што рече тој, препорачала да се укине ослободувањето од работа за бремените жени.

-Согласно релевантни институции и светските искуства се препорачува жените кои планираат бременост и бремените жени да се вакцинираат, вакцината е препорачана за нив, на тој начин си го заштитуваат здравјето. Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна кога станува збор за работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани, нагласи д-р Мехмедовиќ.

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот