Да се заострат мерките поради новите соеви, бара словенечки инфектолог
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Февруари, 2021
Време е за заострување, а не за олеснување на мерките, вели словенечкиот инфектолог Андреј Трампуж, кој работи на клиниката Шарите во Берлин. Тој во интервју за Словенечката телевизија изјави дека поради опасност од ширење на нови соеви на коронавирусот, време е да се интензивираат, а не да се попуштаат епидемиолошките мерки.
Објаснува дека јужноафриканскиот сој на вирусот е опасен затоа што против него вакцините нема да бидат ефикасни. Вели дека евентуалниот нов бран може да го погоди помладото население.
„Се надевам дека мерките ќе бидат заострени и во Словенија, бидејќи новите соеви на коронавирусот брзо ќе се прошират“, рече тој.
Досега во Словенија против коронавирусот се вакцинирани 54.500 граѓани. Според Институтот „Јожеф Стефан“ епидемијата полека спласнува.
Фото: Јутјуб
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.