Да сфатиме дека нема повеќе време, порача Предраг Кон
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 14 Ноември, 2020
Порака до државата, но и до секој поединец, упати епидемиологот и членот на Кризниот штаб на Србија, Предраг Кон.
Тој објави порака на својот профил на Фејсбук со која предупредува дека повеќе нема време.
„Што може државата да направи? Да сфати дека нема повеќе време...Што може поединец да направи? Да избегнеме заразување. Што можат здравствените работници да направат? Да издржат. Мораме да го забавиме вирусот. Мораме да го запреме вирусот и неговиот пренос, тоа може така што ќе се скарат контактите, а тоа е повторно можно само со новите мерки. Не се донесени мерки. Претседателката на Владата рече дека добро не слушна и дека уште ќе размислува. Сега сме се уште на некакво премислување“, пишува Кон.
Србија урива рекорди со бројот на заразени.
Во Белград скоро и да нема место во болниците.
Земјата го врати полицискиот час за да го спречи ширењето на вирусот.
Според најновите податоци, во Србија се регистрирани 3.822 новозаболени, а починаа 17 луѓе.
Во сите балкански земји има многу високи бројки на заразени.
Словенија две седмици ќе биде во карантин, а го укина и јавниот превоз.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.