Добивај вести на Viber
Србија останува на ставот дека нема да прифати во исто време да стане членка на Европската унијата и да го признае независно Косово. Ова го изјави српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ кој додаде дека многу земји од Унијата сакаат да го видат тоа, но тоа не е официјалниот став на ЕУ.
Дачиќ нагласи дека сеуште пет членки на Унијата не ја признале независноста на Косово, поради што, додаде тој неприфатлив е условот Србија да го признае Косово ако сака да биде дел од ЕУ.
Сепак, вели Премиерот, Србија останува подготвена да работи со Косово за нормализирање на односите.