Добивај вести на Viber
Државниот завод за статистика пред некој ден објави нови ревидирани податоци за движењето на економијата во изминативе години. Интересно е да се разгледаат податоците со цел да се дојде до некој заклучок околу тоа што како економија сме успеале да го постигнеме. Секако, во последно време се повеќе се зборува околу тоа дека БДПто на земјата, не е главен показател за успех и среќа на населението, но факт е дека земјите со висок БДП имаат релативно високо ниво на задоволство на живеењето. Долниот графикон е нивото на вкупен номинален БДП:
Ова е номиналниот раст на македонската економија во изминативе 13 години.
Може да дојдеме до следениве заклучоци:
- Околу 4,3 милијарди евра (номинално) произведуваме повеќе од 1998 година
- 135% пораснала економијата во периодот од 1998 до 2011 година (од 3,1 на 7,5 милијарди долари). Меѓутоа ова е тековен курс или номинален раст, реално растот е доста помал
- И покрај тоа нашата економија е само малку поголема од годишниот профит на Кока Кола (ова не треба да обесрхрабрува, целта е да покаже дека нашата земја е за жал исклучително мал пазар и навистина е тешко да се води бизнис)
Реалниот процентуален раст е ваков:
Како што може да се види најголем пад имаме во 2001 година, што е нормално знаејќи ја тогашната ситуација. Додека најголемиот раст бил во 2007 година и изнесувал 6,1%.
Значи грубо гледано, од 2006-2011 година реално сме растеле, некаде 3,5%
Од 2002 – 2006 процентот на раст е повторно ист, 3,5%
Од 1998-2002 тој раст изнесува 1,7%
Во овие изминати години ни се случи војна, па имавме мирен економскиот период, за да на крајот и ние бидеме погодени од најголемата економска криза која му се случила на светот по големата депресија. Како и да е гледаме дека просеците укажуваат дека не успеваме да врземе повеќе години на посилен раст.
Зошто и колку ни треба раст?
Тоа е тема на поширока дискусија. Овој текст ќе го завршам со една споредба. Впрочем доколку не се споредуваме со некого не знаеме дали сме добри или лоши. Словенија е земја колку Македонија и секако ни е пример за силна економија, на која би сакале да се угледаме барем според големината на БДП. Нормално сега и Словенците се во свои проблеми и којзнае како сето тоа ќе излезе, па така и таа тема ќе биде оставена за друг пат. Да се држиме до бројките.
БДП на Словенија за 2011 = 36,2 милијарди евра
БДП на Македонија за 2011 = 7,5 милијарди евра
Словенечката економија е поголема од нашата за 4,8 пати.
Македонија треба да расте по 10% секоја година, за да може после 15 години да има БДП од некаде 30 милијарди евра.
Доколку продолжиме со ова темпо од некаде 3,5%, ќе ни требаа 40 години да дојдеме до БДП од 30 милијарди евра.
Очигледно е дека треба да се бараат начини да постигнуваме раст од 5 или повеќе проценти, како во периодот 2006-2008 години. Да се надеваме на тоа дека кога макроопкружувањето ќе биде подобрено, ќе бидеме спремни со добри внатрешни економски политики.
Милан Димитриоски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.