ДАЛЕКУ ОД ЗИМА НА ВЕКОТ: Зимата 2025/2026 кај нас малку потопла и со повеќе снег
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2025 06:00
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде Ла Ниња зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен Ла Ниња па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Секако Ла Ниња оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради Ла Ниња, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во нашата Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, Ла Ниња повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во нашата Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни. Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа“, објави тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПОВТОРНО БЛОКАДА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Продолжуваат протестите на грчките земјоделци
МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци
Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром
Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“
(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски
КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?
СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила
СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија
Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени




