16 Мај, 2024
0.0267

Дали Балканот е подготвен за основање на Г6

Објавено во: Балкан 23 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Лидерите на Албанија, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија кон крајот на овој месец, на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН, треба да разговараат за основање на парламентарно собрание на западен Балкан, па во рамки на тоа и свои можни заеднички делувања.

Иницијативата на црногорскиот министер за надворешни работи, Игор Лукшиќ, наиде на одобрување во ЕУ, но и во неговата земја. Меѓутоа отвори и дилема дали поврзувањето на земјите кои не се на исто ниво ќе ја успори Црна Гора на патот кон ЕУ.

Министерството за надворешни работи и европски интеграции, на земјите на кои се однесува иницијативата, веќе упати т.н. нон пејпер како појдовен документ за конституирање на балканска шесторка или скратено Г6.

Државниот секретаријат за политички прашања на црногорското МУП Владимир Радуловиќ во изјавата за подгоричката телевизија Вијести, зборува дека на тој начин може да се унапреди парламентарната соработка како и регионалната борба против организираниот криминал и корупција.

- Дали ќе се зборува за еден вид на балканска полиција, дали еднакво би важело и за парламентарната соработка, тоа останува на земјите членки да го пронајдат, да се договорат и да најдат консензус за најоптималните форми на соработка.

– Со влезот во каква било  асоцијација, каде членки се некои кои имаат многу големи проблеми кога е во прашање евроинтегративниот процес, на некој начин ги кочат и тие кои го влечат целиот тој процес, вели претседателот на собраниската комисија за европски интеграции Славен Радуновиќ од опозицискиот Демократски фронт.

На прашањето како го објаснува тоа што таков вид на иницијатива потекна токму од Црна Гора, Радуновиќ вели:

- Црна Гора очигледно има потреба да биде поважна и поагресивна од што тоа се очекува од неа, посебно од причина што има големи проблеми на внатрешен план, на економски план. Мислам дека ова се некои потези на кои сепак треба да се сврти внимание.

За Радуновиќ се некако мириса на Југославија. - Се забележува една сличност со нашата поранешна држава Југославија, со тоа што во овој случај останавме без Словенија и Хрватска, а нив ги заменивме со Албанија, Косово. Така тоа ми делува малку како бледа копија на таа Југославија со оценка дека секако нема да се работи за таква цврста заедница.

Од друга страна, поранешниот дипломат Бранко Луковац, кој пред Црна Гора учествува во Игманската иницијатива која ги собира земјите потписнички на Дејтонскиот договор, истакна дека новиот облик на регионална соработка е важен во соочувањето со она што го загрижува Балканот кој во 90-тите години го потресуваа војни.

- Тој треба да се декриминализира и на овие земји да се помогне да ги постигнат европските вредности.

Србија: Идејата е добра, но за некоја подалечна иднина

Во Србија се уште нема реакции од политичарите. Медиумите веста ја пренесоа главно без коментар или барем без соодветни реакции.

Дијана Вукомановиќ, членка на Комисијата за европски интеграции од владејачката Социјалистичка партија на Србија, вели дека идеите за таква интеграција се за некоја подалечна иднина. Притоа, потсетува дека премиерот Ивица Дачиќ наскоро заминува во Црна Гора па можеби попатно ќе разговара и за тоа. Потпретседателката на Социјалистичката партија пред се потсетува на некои слични иницијативи:

- Изјавата на господинот Лукшиќ не е новина затоа што неодамна имавме пласирано слична идеја за основање на некој, така да кажам, панбалкански Бенелукс. Тоа се форми на организирање на држави кои веќе функционираат во Европа, како што е Бенелукс. Па дури и премиерот Дачиќ зборуваше за еден вид на балкански нордиски совет. Но, треба да потенцираме еден факт, дека во неодамнешната историја имавме болно искуство од меѓусебни судири, тензии, интеретнички конфликти и во домашната јавност тоа прво би се толкувало како создавање на некоја нова Југославија и со самото тоа би било осудено на пропаст, отколку конструктивно да се седне на маса и да се разговара. Значи, таа идеја е добра, но за некои идни времиња. Господин Лукшиќ е млад политичар...

На прашањето дали мисли дека таквите идеи директно ги лансира ЕУ, Вукомановиќ одговори:

- Веројатно во разговорите, но јас не верувам дека тоа е еден вид на сугестија па некој од балканските политичари да излезе со копија од таа идеја.

БиХ: Иницијативите главно остануваат само на хартија

Ајде да замислиме дека кон крајот на месецото во Њујорк политичарите ќе се договорат за се и ќе разработат конкретни планови како слободно да се движат луѓето и стоката. И како ќе ги контролира заедничка балканска полиција која ќе спречува секаков облик на организиран криминал.

Останува прашањето: дали нашите земји се подготвени за приближување. За тоа за РСЕ зборува професорот Енвез Казаз.

- Од најдобри намери и од оправдани причини, лидерите кои договараат такви облици на соработка кога ќе се соочат со фактот дека нивните политички елити се замешани во многубројни внатрешни, дезинтегрирачки, опасни дејности, многу брзо се откажуваат од институционалниот облик на соработка и остануваат на декларатива. Друга димензија, треба да се има предвид дека земјите во регионот не ги ратификуваа меѓуграничните договори, на пример БиХ – Хрватска или Србија, дека постојано траат судири околу некои зони на границите. И потоа можеме да кажеме дека во декларативна смисла сите лидери се за соработка, за коегзистенција итн, а дека во практична смисла таквата соработка изостанува. Во тој поглед, БиХ е изложена на пазарна нелојална конкуренција од Хрватска и Србија и постојано како мала економија како црногорската, македонската или косовската, останува на периферијата на економските интегративни процеси. Според тоа, треба да се сомневаме во она што го зборуваат тукашните политичари, а детално да се анализира она што го прават – вели Казаз.

Без намера да се урива нешто што не ни проодело, сепак иницијативата за основање на Западнобалканска шесторка нема да отиде подалеку од декларативно залагање, бидејќи политичките лидери внатре во секоја од земјите имаат сопствени проблеми, но и нерешени прашања едни со други.

Впрочем, прво треба да се почека како во пракса ќе се остварат некои веќе заклучени договори. Како протоколот кој минатата недела во Сараево го потпишаа претставници на Министерствата за безбедност на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија за основање на Центар за полициска соработка.

Кога ќе се утврди дека оваа организација може да го спречи пограничниот криминал и незаконската миграција, ќе постои основа и дека други заеднички акции се можни и реални.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот