ДАЛИ Е ОВА МОЖНО - професорката Ачковска тврди дека средношколец бил отруен со дрога ставена во пијалок во кафуле
Објавено во: Македонија 15 Март, 2023 10:34
Таа тврди дека гимназијалец бил отруен со дрога во кафуле во земјава. МВР се уште се нема огласено околу таа информација.
Имено, како што пренесуваат повеќе медиуми, средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ пред неколку дена починал, неофицијално како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле. Неговите другари и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште.
Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер.
Професорката Ачковска во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.
„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.
Сузаната Тренчевска, мајката на Јован во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.
„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во коментар.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




