ДАЛИ ФИРМИТЕ ШТО НЕ ВРАЌАЛЕ КРЕДИТИ БИЛЕ НА СДСМ ИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ, Костовски порача - надвор со препукувањата
Објавено во: Финансии 13 Ноември, 2020
И бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на пропаднатата Еуростандард банка, беше денеска на надзорната расправа во Собранието за утврдување на причините кои доведоа до стечајот врз Еуростандард банка.
Еден од пратениците од опозицијата го праша дали претходниот генерален директор на банката бил близок со високи функционери на Владата, на што Костовски рече дека веднаш ќе одговори со - да.
Тој доби и прашање дали екс директорот имал средби со тие членови на Владата и нивни бизнис партнери.
Од друга страна, пак, пратеникот Коста Костаднов од СДСМ, рече дека дел од компаниите што Еуростандард банка ги кредитирала без покритие, се партнер на господинот Кристијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
На ова Костовски жестоко одговори.
„Говорам за организиран криминал, нема тука боја СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, за мене единствена боја е македонска, во која што сакам да живеам мирно, спокојно и безбедно. Затоа вашите препукувања да си ги земете од салата и да ги носите надвор, а не пред мене да се препукувате“, рече Трифун Костовски.
Претходно тој нагласи дека тој организиран криминал не е почнат од пред една година, туку почнато е со години наназад. Костовски посочи дека има три елементи, кои што укажуваат дека одлуките за отворање на стечајната постапка не е исправна, бидејќи претходно состојбата на банката била десет пати полоша отколку во моментот кога е донесена одлука за стечај.
Тој не се согласи со изјавата на гувернерката дека е направено сѐ банката да не отиде во стечај. „Падот на адекватноста на капиталот кој беше на крајот од март 6,55 е поради вонредната ситуација со која со сила на закон ни беше наметната забрана за присилна наплата. Ние секој месец имавме 2,5-3 милиони евра на тој начин. Вонредната ситуација траеше 97 дена. Со претходна забрана да работиме со физички и правни лица, сето водеше кон влошување на состојбата на кредитното портфолио“, рече Костовски. „Се работи за големи пари и за голем криминал. Парите, како и полжавот, имаат трага. Со стечајот, парите се обидуваат да се скријат. Ако сакате сите заедно да учествувате во тој криминал, повелете“, рече Костовски. Тој рече дека не бара негово амнестирање, и дека ќе ја сноси и тој сопствената одговорност.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.