23 Ноември, 2024
0.0279

ДАЛИ И КАКО ЌЕ СЕ НИВЕЛИРААТ ПЕНЗИИТЕ ВО ИДНИНА? Еве од што зависи дали ќе продолжат да растат

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Предлог-буџетот за следната година би требало да се најде на владина седница на 16 октомври. Во него ќе се внимава да не се зголеми буџетскиот дефицит, а економска активност меѓу другото се очекува со унгарскиот заем и со почетокот на работата на „Фени“, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски не очекува ниту пореметувања во стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со линеарното зголемување на пензиите. Вели парите се обезбедени. Какво ќе биде понатамошното нивелирање на пензиите од септември следната година, како и во 2026 и 2027 година, според Мицкоски, ќе зависи од тоа какви ќе бидат приходите и како ќе функционира македонската економија.

- Затоа многу внимателно кажуваме и многу внимателно ветуваме. Не сакаме да кажеме нешто коешто понатаму нема да го исполниме. Тоа што бевме уверени дека ќе го исполниме, тоа и го направивме. Би сакал оваа традиција на линеарно зголемување да продолжи понатаму, но тоа ќе зависи од приходите што ќе доаѓаат во буџетот во што длабоко во себе сум убеден дека ќе бидат уште попозитивни од овие првични претпоставки што ќе бидат содржани во буџетот во делот на приходната ставка, истакна Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ.

Во однос на можноста за нов ценовен шок за струјата, премиерот рече дека е оптимист и дека не очекува зголемување на цената на струјата без разлика на ситуацијата со Украина каде електроенергетскиот систем е уништен и дека таа ќе повлече од струјата на европскиот пазар. 

- Имаме план и јасно дефинирани чекори. Оптимист сум, не очекувам ценовен шок, рече Мицкоски.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи