Дали иднината на земјоделството е во неконвенционалните култури?
Објавено во: Агробизнис 27 Септември, 2021
Земјоделците треба да се насочат кон неконвенционалните култури, или пак професионално да пристапат кон одгледувањето на конвенционалните култури, за да имаат профит, советува агрономот Стојанчо Петков.
Тој вели дека земјоделците треба да ги гледаме како бизнисмени, а не само како производители на храна, и она со што се занимаваат треба да биде рентабилно. Објаснува дека од година во година состојбата се менува дел поради климатските промени, а дел и поради економската исплатливост на одредени култури.
„Дел од луѓето се ориентираа кон брокула, карфиол, црвена зелка, исто така и младиот кромид доста се бара. Има и површини засадени со кељ, блитва, иако тоа не е многу. Некои култури се во подем, а кромидот на пример, во валандовско го има помалку. За доматот, тој претежно го има како пролетен и есенски, а се избегнува да се сади во летото, затоа што е тежок за производство. Треба да се бараат нови култури, или доколку земјоделците останат на конвенционалните култури, да се професионализираат, и повеќе да работат машински, наместо рачно за да бидат рентабилни“, вели Петков.
Тој додава дека луѓето треба да следат кои култури добро се пласираат и се бараат на пазарот, а кои даваат се помал род или тешко успеваат поради климатските промени. Производителите на храна треба да следат дали со одредена култура се засадени големи површини кои водат кон презаситување на пазарот или не. Во нашево поднебје, се произведуваат повеќе видови на пиперки, и оваа култура е барана.
„Постарите се фокусирани на оние култури кои знаат да ги обработуваат, и не сакаат многу да менуваат, да експериментираат и да ризикуваат“, додава агрономот.
Сепак, Петков вели дека на долг рок, ако сметаме за период од една деценија не може да се предвиди што би било исплатливо да се сади, а што не. Секоја година има многу земјоделци кои се незадоволни од пласманот, цените, а често пати родот го истурале по улиците, затоа што не можат да го продадат. Оваа година имаше слаб принос на сончоглед, а на проблеми се жалеа и производителите на ориз. Климатските промени според кажувањата на земјоделците, го намалиле родот на многу култури за 30 до 40 отсто. Во годините кои доаѓаат, експертите предвидуваат дека почесто ќе имаме суши. Ова лето донесе екстремно високи температури кои во делови од Македонија се искачија и до 47 степени.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.