Автокампови: закон по мерка на Субрата Рој или конечно регулирање на една сфера?
Објавено во: Економија 06 Декември, 2012 08:30
За пратениците од владејачката ВМРО ДПМНЕ, пак овој Закон само ги прецизира начинот и условите под кои се дава автокампот.
„Автокампот се основа на подрачје за кое е донесена урбанистичко-планска документација за автокамп или урбанистички план со кој е предвиден автокамп согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Овие планови ги носат советници во општините во кои седат луѓе од сите политички партии и тие одлучуваат каде и што ќе се гради и на тој начин не може да се врши злоупотреба , изјави Лилјана Затуркова од ВМРО ДПМНЕ.
Склучените договори ќе може да се менуваат со Анекси
Дополнително е спорно и тоа што, откако земјиштето ќе се продаде на лицитација и ќе се склучи договор со купувачот, потоа тој договор може да се менува со Анекси. Според предлог Законот за автокапмпови, Анекси може да се прават во повеќе случаи и тоа ако има измена на урбанистичка планска документација, промена на број на катастарска парцела или промена на катастарска општина на земјиштето, статусна промена на корисникот на автокампот, отстранување на грешки во податоците за описот на земјиштето кое е отуѓено, но, и поради други непредвидени околности.
За познавачите токму ова остава простор за огромни манипулации,односно откако на огласите ќе бидат наведени едни критериуми и услови подоцна во директна спогодба со купувачот тие да се променат, ставајќи ги во нерамноправна положба сите што учествувале на огласите и понудиле одредена сума за локацијата но под првично наведените услови.
Сахаријан Македонија
Субрата Рој најави дека во Љубаниште сака да гради луксзуен туристички центар. Таму веќе постои автокамп на површина од 10 хектари. Инвестицијата според првичните најави треба да чини 40 милиони евра.
Веднаш по објавувањето на проектот, медиумите напишаа дека Субрата Рој ќе го гради Дубаи во Охрид. И, додека дел од граѓаните се воодушевуваа на луксузниот проект, а дел стравуваат за своите приватни локации, во јавноста се појави уште една дилема односно дали ќе има интервенција на вода, бидејќи во тој случај за проектот ќе треба да се изјаснат еколошките друштва, и посебно Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија





