Дали Кина ќе одговара за ширењето на Ковид -19?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Септември, 2020
Кина мора да одговара пред светот поради Ковид-19, бара американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој денеска на Генералното собрание на ОН изјави дека оваа земја мора да одговара пред светот за своите постапки во врска со пандемијата на коронавирусот.
Трамп го обвини Пекинг дека дозволил коронавирусот „да ја напушти Кина и да го зарази светот“.
„Обединетите нации мораат да ја сметаат Кина за одговорна за своите постапки“, наведе тој.
Ова не е прв пат Трамп да го впери прстот кон Кина за ширењето на вирусот.
Претходно, имаше тврдења на лекари дека вирусот е создаден во лабораторија во Кина, поточно во градот Вухан. Бројката на заразени во светот се искачи на 31.5 милиони.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.