19 Декември, 2025
0.0737

Дали ќе има нови предвремени избори догодина?

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 11:34

Добивај вести на Viber

Политичката неизвесност во Македонија продолжува, имајќи ги предвид тесните изборни резултати, изјави вчера за хрватската агенција ХИНА, европратеникот Тонино Пицула. 

Тој не ја отфрла можноста за одржување нови, предвремени избори. 

„Дали тоа ќе се случи следната година, можеби во комбинација со локалните избори, кои би требало да се одржат напролет, засега е не јасно“– вели Пицула.

Што се однесува на можноста за формирање малцинска влада, вели дека таа не би била многу стабилна и дека долго не би се одржала.

Пицула во неделата ги набљудуваше предвремените парламентарни избори во Македонија. Според него, самата кампања и изборниот ден минале без некои поголеми инциденти и главно мирно, со мали забелешки. 

„Изборните резултати покажуваат продолжување на високата поларизација и на политичката поделеност на македонското општество.  Во овој момент владее неизвесност каков ќе биде конечниот резултат. Разликата е маргинална меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“ – рече Пицула. 

Вели Албанците  ја казнија ДУИ, најголемата албанска партија во Македонија, која сето ова време беше партнер на ВМРО-ДПМНЕ, но изгубија речиси десетина мандати во Собранието и ја зајакнаа новата албанска политичка формација БЕСА. 

„Во овој момент навистина не е јасно кој би требало да ја состави, имајќи ја предвид поларизацијата, а и не се знае колку ќе биде стабилна владата“ – рече Пицула.

Европратеникот смета дека можни се повеќе сценарија, но дека најмалку веројатно е формирање на голема коалиција затоа што со тоа ништо не би решило, имајќи ја предвид длабоката поделба и разликите. Тој вели дека двете најголеми македонски партии имаат само една заедничка работа, а тоа е јасната проевропска иднина на Македонија.



Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината