Дали Македонците ќе ги откажуваат одморите во Египет откако туристки починаа по напад од ајкула?
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2022 07:04
Од туристичките агенции во земјава се плашат дека во наредните денови ќе има откажување на одмори во Египет, затоа што таму починаа туристки откако ги нападнала ајкула. Сметаат дека за неколку дека ќе имаат попрецизна слика за состојбата.
Иако Египет е популарен за македонските граѓани, сепак стравот и паниката си го прават своето. Доколку дојде до откажување на аранжмани, агенциите ќе трпат загуби. Во регионот, веќе паднаа цените за одмори во Египет, односно има попусти за 15 отсто, баш поради најновите случувања.
„Туризмот е многу чувствителна гранка, и таквите агресивни медиумски објави влијаат на психата на луѓето. Кога одиме некаде, треба да ги почитуваме правилата каде и кога смееме да се капеме, а во овие случаеви имало непочитување. Инаку, јас сум човек кој посветува внимание детално да им објасни на луѓето сè што ги интересира, така што кога ќе бидат информирани ќе имаат пореална слика“, раскажува Даниела Трифуновска, сопственичка на агенцијата „We travel” од Струмица.
Некои туристички работници велат дека за 30 години работа не сретнале ваков случај.
„Сигурно дека тие настани ќе влијаат за туристите, секогаш е така. Кога ќе ја слушнат веста на македонски медиум, ја примаат со резерва, но откако истото ќе го објават српските, хрватските, и другите странски медиуми, веќе граѓаните сфаќаат дека е сериозно и дека има одредена опасност. За оваа тема се говори и во српските медиуми“, велат од прилепска туристичка агенција.
Некои сопственици на туристички агенции објаснуваат дека граѓаните едвај чекаат да заминат на море, и желбата за посета на Египет ќе надвладее.
„Веќе 15 години Египет е многу популарна дестинација за македонските граѓани. Го бираат Египет поради убавото море, добрата услуга, и пристапните цени. Интерес има и за одмори во Турција, Тунис“, додаваат од битолска агенција.
Две жени викендов загинаа во напад на ајкула во местото Сал Хашиш во близина на Хургада, соопшти египетското Министерствоза животна средина. По немилите настани дел од плажите се затворени. Прво настрада Австријка, а потоа и романска туристка. Двата напади се случиле на 600 метри еден од друг.
Ајкулите во Црвеното Море многу ретко напаѓаат луѓе кои не пливаат надвор од дозволените области, објави АФП. Агенцијата потсетува на вакви смртоносни инциденти со чешки турист во 2018 година, со Германец три години претходно и со негов сонародник во 2010 година.Туризмот е главен извор на приход за Египет, чија економија е во тешка состојба, заглавена помеѓу високата инфлација и девалвацијата на националната валута. Одморалиштата на брегот на Црвеното Море примаат речиси две третини од туристите кои ја посетуваат земјата, забележува АФП.
Во добрите години, Египет имал над 13 милиони туристи. Во 2019 година имале најмногу посетители од Германија, Украина, Саудиска Арбија и Либија.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




