19 Декември, 2025
0.0438

Дали на битолчани ќе им ндостигаат линиите со воз кои се укинуваат?

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Од среда, само еден воз дневно ќе сообраќа на релација Скопје – Битола и обратно. Битолчани велат дека намалувањето на линиите секако негативно ќе влијае на дел од нивните сограѓани, кои патувале со воз кон главниот град.

Според нив, граѓаните го бираат возот како превозно средство поради ниската цена. Повратен билет со автобус чини 980 денари, а за воз цената е 500 денари. Битолчани велат дека има одредена група на студенти и млади луѓе кои досега редовно патувале со воз. Сметаат дека наместо да се укинуваат линии, наместо да се враќаме назад, треба да имаме модерен и современ железнички превоз.

„Јас не патувам со воз, но сигурно дека ќе фали. Порано имаше повеќе возови, луѓето од селата попат патуваа до Прилеп или Велес, си носеа производи на пазар. Беше корисен возот за многу луѓе. Можеше човек да тргне наутро со воз, да отиде во Скопје, да заврши работа и пак да се врати назад со воз. И сега сè е централизирано во Скопје, за една потврда мораме да патуваме во главниот град. Исто ако некој тргне на лекар во Скопје, како ќе патува во студен воз? Има и групи на социјалните мрежи каде луѓето се договараат за патување до Скопје и во тоа некој гледа начин за заработка. Народот мора да се снаоѓа, инаку, сега кога ќе има само еден воз, тоа според мене ќе биде нефункционално за патување“, вели битолчанка.

Други жители на Битола исто така не ја оправдуваат одлуката за намалување на линиите со воз.

„Јас лично не патувам, си одам со автомобил, но секако дека тоа не е во ред и слушам дека студентите се жалат“, рече Рената Т. од Битола.

Друга битолчанка има забелешки за тоа како функционира железничкиот сообраќај, но е против кратењето на линиите.

„Јас не паметам кога последен пат сум се качила во воз. Сигурно има 15 или 20 години. Се случувало возот да се расипе по пат, ќерката еднаш ја земавме со автомобил од Тополчани, но треба да има возови, да бидат подобри, редовни, и повеќе народот да ги користи“, кажа Тина М. од Битола.

Друга жена вели дека треба да се угледаме на земји кои се понапредни од нас и како таму функционира железничкиот превоз.

„Треба да има, зошто да нема почесто возови? Иако јас не користам воз, зошто да нема?“, рече Летка Ч.  од Битола.

Како што соопштија од македонски железници, од 25 октомври ќе го има само возот кој тргнува од Скопје во 14.30 часот, а од возниот ред се избришани возовите во 6.53 и 20.05 часот. Од Битола за Скопје, пак, останува само возот во 03:13 часот. Наведуваат дека овие измени ќе важат до нивно отповикување. Повеќе детали за одлуката нема. Претходните години имаше случаи кога возови се расипуваа и од еден до друг град луѓето патуваа со часови.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во второто тримесечје од 2023 година, во железничкиот превоз се превезени 73.000 патници.  Во второто тримесечје лани бројот на превезени патници во железничкиот сообраќај бил поголем и изнесувал 105.000. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот