Дали НБГ Групата ги оштетува акционерите во Стопанска банка Скопје?
Објавено во: Финансии 11 Мај, 2017 07:46
При последните
две исплати на дивиденда акционерите кои поседуваат приоритетни акции во
Стопанска банка не го добија износот кој им беше исплатен на акционерите кои
имаат обични акции. Имено на собранието на акционерите на Стопанска банка Скопје
одржано на 15.12.2016 се донесе одлука за исплата на дивиденда на обичните акции
на износ од 159 денари, без притоа да се изгласа дивиденда за приоритетните акции,
а на собранието закажано за 30.05.2017 се предлага исплата од 127 денари за обичната,
и само 11 денари дивиденда за имателите на приоритетните акции. Развојот на акционерската
култура е неможно со ваквите случаи на неправда, особено бидејќи нередовната исплата
зависи исклучиво од мнозинскиот акционер НБГ Групата од Грција.
Како друштвото врши пресметка на дивидендата? Зошто друштвото не обезбедува акционерите сопственици на обични и приоритетни акции да бидат еднакво третирани при исплатата на дивиденда, согласно правата од нивните акции?
Одредбата за еднаков третман на акционерите содржана во Белата книга за корпоративно управување во Југоисточна Европа не беше испочитуван на штета на сопствениците на приоритетни акции.
Веќе неколку децении законите за трговски друштва во Европа го вградуваат принципот на еднаков третман на акционерите. Овој принцип стана европски стандард со усвојување на Втората директива на ЕУ донесена во 1976 каде што член 42 од Директивата вели дека законите на земјите-членки ќе гарантираат еднаков третман на акционерите коишто имаат еднаков статус. Во согласност со Директивата, новиот Закон за трговски друштва на Македонија пропишува дека акционерите под еднакви услови ќе имаат еднаков статус. Еднаков третман на акционерите е основен принцип со кој се уредуваат акционерските односи.
Друштвото има можност да издаде неколку родови и класи акции. Може да се издаваат обични акции, а исто така и приоритетни акции. Еднаквиот третман на акционерите не значи дека сите акционери ќе се третираат на иста основа. Од различни класи акции произлегуваат различни права и обврски. На пример, акционерите коишто поседуваат приоритетни акции може да имаат право да примаат дивиденда пред таа да им се исплати на акционерите што поседуваат обични акции. Со ова не се повредува принципот на еднаков третман. Сите акционери коишто поседуваат приоритетни акции имаат еднаков третман исто како и акционерите коишто поседуваат обични акции. Обврска на менаџментот е да обезбеди да во третманот на акционерите во рамките на секој род и класа на издадени акции нема дискриминација. Меѓутоа, ако менаџментот, на пример, се обиде да им обезбеди погодности само на неколку акционери коишто поседуваат приоритетни акции, а истото не им го обезбеди на другите акционери со приоритетни акции, тоа се смета за повреда на принципот на еднаков третман. Доколку менаџментот ја повреди оваа обврска, акционерите имаат право да бараат заштита пред судот.
Забраната за нееднаков третман не се однесува само на менаџментот туку и на колективното одлучување на акционерите. На пример, ако друштвото поседува 70 отсто од акциите како обични акции, а 30 отсто како приоритетни акции, акционерите коишто поседуваат обични акции не можат да ја искористат позицијата на мнозинство за да обезбедат посебни погодности на групата акционери што поседува обични акции на сметка на акционерите коишто поседуваат приоритетни акции. Секоја одлука која може да ја измени односно ограничи класата на акционерски права мора да се донесе на посебно гласање од засегнатата класа на акционери. Ако засегнатата класа на акционери се изјасни против одлуката, одлуката не може да се усвои. Поради тоа, Законот за трговски друштва воведе процедурални заштитни мерки за да обезбеди дека принципот на еднаков третман се почитува.
Секој нееднаков третман на акционерите мора да биде во согласност со Законот и Статутот на друштвото. Меѓутоа, овој нееднаков третман не може да ја поткопа основната норма што служи како основа за толкување на сите други норми од Законот за трговски друштва - поточно оние што се однесуваат на еднаквиот третман на акционерите со еднаков статус.
Во досегашната пракса во Република Македонија најчест беше случајот на исплата на еднаков износ на дивиденда на обичните и приоритетните акции, како на пример кај Стопанска банка Битола, Комерцијална банка, поранешна Инвест банка итн. Во меѓувреме сите банки направија конверзија на приоритетните акции во обични како во следните примери:
По поднесеното барање на двајцата најголеми сопственици на приоритени акции при крајот на 2013 година, Надзорниот одбор донесе предлог одлука, додека Собранието на акционери на УНИ Банка ја изгласа одлуката за претварање на приоритетните акции во обични со право на глас. http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=32883
Одлуката за претварање на приоритетните акции во обични со право на глас, Собранието на акционери на Стопанска Банка Битола ја изгласа при крајот на 2011 година.
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=30007
http://stbbt.mk/content/pdf/T.1%20ZAPISNIK%2029-TA%20SEDNICA.pdf
Посебен случај претставува конверзијата кај Комерцијална Банка каде при претварањето на приоритетните акции во обични со право на глас се изврши врз основа на номиналната вредност на различните родови на акции.
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=19388
Последна забележана конверзија на приоритетните акции во обични со право на глас е кај Прилепска Пиварница а.д. Прилеп во јуни 2016 година.
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=39170.
Притоа сопствениците на приоритетни акции се изедначија со сопствениците на обични акции во сите наведени случаи освен во случајот со Стопанска банка Скопје.
М.М.(Авторот е сопственик на приоритетни акции)
*Во текстот се користени делови од УСАИД студија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





