18 Декември, 2025
0.1060

Дали новите ковид мерки ги ограничуваат човековите права?

Објавено во: Македонија 09 Август, 2021 11:17

Добивај вести на Viber

Воведувањето на „Ковид“ пасоши за движење на вакцинираните, и ограничување на тие кои не се имунизирани е се поголема реалност во Македонија. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести дадоа нови препораки кои на прв поглед донесоа бројни негодувања и критики дека го нарушуваат човековите права. Таквата екстремна оценка е можеби претерана и во овие моменти треба да се земат предвид сите расположливи мерки за спречување на рапидниот раст на новозаболени.

Според експертите за човекови права како проф. Мирјана Најчевска нема нарушување на Уставот. Во разговор со Фактор таа вели дека достапноста на вакцините, како и потреба од заштита на граѓаните не дава простор за нарушување на човековите права.

„Јас мислам дека во овој случај не станува збор за повреда на основните човекови права и слободи. Да, станува збор за ограничување, што како можност е предвидено како во меѓународните договори така и во Уставот на државата, а кое во случајот е поврзано со заштита на здравјето на граѓаните. Би имало дискриминација доколку вакцината се наплатува и доколку не може секој да си ја дозволи, односно да ја добие„ смета професорката Најчевска.

Ограничувањето на движењето е се пожешка тема која создаде и десетици протести низ Европа и САД од незадоволните граѓани. Прашањето се повеќе ќе се политизира, па се очекува да се јават и нови политички движења базирани токму на премисата дека ковид пасошите се вовед во нов „корона-фашизам“.

Во одредени европски земји како Германија мерките се многу поостри и движењето на граѓаните е целосно поврзано со негативен тест за КОВИД-19 кој важи неколку денови, како и со доказ за примена вакцина.

Во Македонија вакцината не е задолжителна, па така и одредени мерки може да се толкуваат како „засилени“ со цел да се поттикне населението да се имунизира и да се вклучи во процесот на колективна имунизација. Според медицинските власти во земјава ширењето на новиот бран се должи пред се на невакцинираните но, тоа не значи дека има поделба на граѓаните кои примиле и тие кои се уште не се вакцинирани. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија