26 Ноември, 2024
0.0268

ДАЛИ ОД ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ ЗАВИСИ СЕДНУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ: Какви се ставовите на експертите?

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Имунизацијата против корона вирусот кај децата станува се поактуелна тема во светот, откако повеќе од 2 милијарди луѓе на глобално ниво се веќе вакцинирани против Ковид-19 и особено по студиите на Фајзер дека таа вакцина е ефикасна и безбедна и за оваа популација.

Во регионот, во Хрватска веќе започна вакцинацијата кај групата тинејџери, односно од 12 до 16 годишна возраст, но првично се вакцинираат деца со идикации, конкретно дечиња со некакво хронично заболување. Сепак, освен децата кои боледуваат од хронични болести, вакцина ќе може да примат и сите останати деца од оваа возрасна категорија, но само со задолжителна согласност од родителите.

Истовремено и педијатрите во Србија размислуваат да ја започнат вакцинацијата против корона вирусот кај децата, нагласувајќи тие апсолутно се залагаат за вакцинирање на деца од 16-годишна возраст, бидејќи повеќето од тешките клинички слики биле токму на таа возраст.

-И кај деца на возраст од 12 години, треба да се размислува да се прима вакцината против Ковид-19, бидејќи и тие деца се загрозени и се носители на инфекции. Видовме дека вакцината е ефикасна и безбедна и дека нема никакви компликации, освен некои локални реакции, што е нормално по секоја вакцинација, изјави за РТС вчерашефицата Детската клиника на КБЦ, д-р Оливера Остојиќ.

Прашањето е секако актуелно и кај нас, особено поради фактот што за цело времетраење на ковид кризата, единствено децата на оваа возраст, не беа на нивните „работни места“, односно во училиште. Многумина сега го поставуваат прашањето како ќе се одвива наставата од септември. Само пред неполни две недели, министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека е можна вакцинација со Фајзер и кај децата во нашава земја, односно кај младите на возраст од 12 до 16 години.Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука периодов ќе работи на правењето протоколи, како и анализи за вакцинација, со цел сите ученици од 1. септември да се вратат на настава во училиштата, со со физичко присуство.

-Во нашите планови за пристигнување на вакцини, таа бројка на деца од 12 до 16 години можеме да ја покриеме со количина. И ќе ја зачуваме, ќе ја проектираме да биде за децата. Нормално дека нема да биде задолжителна. Има работа во однос на тоа да се подготви протокол, има многу препораки како би се одвивала наставата во една училница во однос на циркулација на воздух, отворање на прозори, рече тогаш Филипче.

Еден од врвните епидемиолози во Македонија и повеќедецениски експерт за вакцини, д-р. Александар Стојанов, во разговор за Фактор вели дека најважно е вакцините да се безбедни, истовремено нагласувајќи дека во целата негова практика, не се случило ништо страшно по примање вакцина, освен оние познати локални реакции.

-Во моментов за децава ја немаме емпиријата, искуството. Ако со вакво темпо се вакцинираше порано, сега веќе ќе имавме конкретни резултати. Проблемот е во тоа што бројот на вакцини секаде во светот е ограничен и се таргетираат најризичните групи, секако тоа е највозрасната популација. Значи децата не беа најзагрозена група, па дури и самата болест ја поминуваа многу лесно и асимптоматски, и затоа децата беа оставени на страна, не беа веднаш вклучени во процесот на вакцинација. За да почне процесот на вакцинација кај оваа група, мора да имаме комплетни анализи. Инаку, дефинитивно сум за вакцинација кај младите. Не мора да имаат тие тешка клиничка слика, доволно беше што болеста ја носеа дома и ги заразуваа постарите, вели д-р. Стојанов.

Во однос на почетокот на новата училишна година посочува дека воопшто не е истата ситуација како и ланската година. Во моментов, како што вели имаме одлична епидемиолошка состојба, и ако вака продолжи, како штоп вели, не гледа причина зошто од септември не би се одвивала наставата со физичко присуство.

-Имаме нов момент, со вакцинацијата и со големиот број граѓани кои ја прележаа болеста, вирусот нема такво чисто поле на делување. Едноставно не може така силно да избувнува. Сега имаме одреден, иако според мене незадоволителен колективен имунитет, затоа имаме мали бројки на новозаразени. Ова значи дека и самите деца сега се наоѓаат во една побезбедна средина, отколку лани ова време, па во септември, според мене може да си почнат со настава во училиштата. Низ Европа секаде ги отвораат училиштата. Зошто веќе би седеле дома? На вакви мали бројки на новозаразени, дефинитивно треба да си одат во школо, истакнува во нашиот разговор д-р. Стојанов.

Сепак, од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека за ова прашање ќе се разговара на нивните состаноци дури во август, односно ќе се прават анализи на епидемиолошката состојба во Македонија во тој период, непосредно пред започнување на учебната година, по што ќе се носи одлука.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик