23 Ноември, 2024
0.0299

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Гордана Силјановка Давкова, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, има голема предност пред актуелниот претседател Стево Пендаровски пред одлучувачкиот круг на изборите, пишува BBC News на српски јазик, а таа вест ја презеле и други српски медиуми. Си

„Еј, Македонијо, ти си бисерот на Балканот“, скандираа во средата вечерта во центарот на Скопје, додека поддржувачите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го славеа резултатот од првиот круг од претседателските избори.

Зурли свиреа, се слушаа тапани, заедно со бакли, прегратки и селфија.

На другиот крај од градот, во седиштето на владејачката СДСМ, мрачен молк по најслабиот резултат на партијата во последните 20 години.

Гордана Силјановска Давкова, кандидат на конзервативната ВМРО, освои околу 40 отсто од гласовите, а актуелниот претседател на државата, социјалдемократот Стево Пендаровски, двојно помалку - 20 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, врз основа на 99 проценти од преброените ливчиња.

Додека се зголемуваше гужвата околу неа и еуфоријата во изборниот штаб, Силјановска Давкова кратко и со насмевка за Би-Би-Си на српски изјави дека не може да поверува кога ги видела резултатите.

„Постои шанса Македонија да биде друга земја, се што се случи досега мора да се надмине“, вели таа.

Практично се работи за разлика од 175.000 гласови пред нивната средба во вториот круг од претседателските избори на 8 мај.

„Непишано правило во Македонија е луѓето во политичка еуфорија да гласаат за победникот, па предноста веројатно ќе се зголеми во вториот круг“, изјави за Би-Би-Си на српски скопскиот политички аналитичар Милан Стефановски.

„Но, ќе видиме, се е можно во Македонија.

Џелал Незири, политички аналитичар од Тетово, град во северозападниот дел на Северна Македонија, додава дека истражувањата укажувале на можноста за победа на кандидатката на ВМРО, но дека бил многу изненаден од разликата.

„Прашањето кој ќе биде претседател на државата е веќе решено во првиот круг“, изјави тој за Би-Би-Си на српски јазик, додавајќи дека ВМРО лесно може да ја формира следната влада.

Заедно со вториот круг од претседателските избори, граѓаните на Северна Македонија ќе гласаат и на парламентарните избори на 8 мај.

Причини за лошите резултати на СДСМ

Пред пет години 70-годишната правничка и професорка на Правниот факултет во Скопје беше поразена во вториот круг од претседателските избори од Пендаровски.

И двајцата во првиот круг имаа 42 отсто (околу 300.000 гласови), кои таа во вториот круг ги зголеми на 44, а Пендаровски на 52 отсто (435.000 гласови).

По гласањето во среда, ситуацијата е значително поинаква - Пендаровски освоил околу 173.000 гласови.

„Причините за тој пад се познати: проблемот со масовната владина корупција, политичкото мешање во судството, каде што политичките функционери не одговараат, како и колапсот на политичкиот систем“, вели Стефановски.

Северна Македонија е 78-ма од 150 земји во светот на листата на перцепции за корупција за 2023 година, објавена од невладината организација Транспаренси Интернешнл.

И Пендаровски и Силјановска Давкова во предизборната кампања ветија силна борба против корупцијата.

„ВМРО имаше подобра и поефикасна политичка кампања од СДСМ“, додава Стефановски.

Незири го гледа „недоброто управување со партиските структури“ како една од причините за слабиот резултат на СДСМ, кој е на власт во Северна Македонија од 2016 година, како и патот „без брза патека до членство“ кон Европската Унија.

Поради спорот за името на земјата со Грција, Северна Македонија чекаше 17 години за почеток на преговорите со ЕУ, што беше блокирано од Бугарија со вето во 2020 година поради спор околу историјата и јазикот.

„Трето, ЗНАМ на Максим Димитриевски, поранешен висок функционер на СДСМ, стана рај за незадоволните партиски гласачи“, смета Незири.

Димитриевски во првиот круг од претседателските избори освои околу девет отсто од гласовите.

„И четврто – зависноста на власта од ДУИ и политичките партии на етничките Албанци принуди значаен дел од гласачите на СДСМ да ја гледаат партијата како вазал на ДУИ.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети е партија на македонските Албанци, која е на власт 20 години, претходно како партнер на ВМРО, денес на СДСМ.

За две недели, на 8 мај, гласачите во Северна Македонија повторно ќе имаат можност да ја заокружат политичката опција што им е најблиска.

И тоа на две ливчиња - на претседателски и парламентарни избори.

„По мај се ќе биде поинаку, немаме друг избор. Во тоа сум убедена“, вели Силјановска Давкова за Би-Би-Си на српски јазик.

Таа во првото обраќање до медиумите изјави и дека „граѓаните треба да се убедат дека вреди да се излезе на гласање“, иако делови од говорот звучеа како да е веќе завршена претседателската трка.

Таа рече дека ќе соработува со опозицијата и секој ден ќе се труди да докажува дека „не е тука за нејзината политичка кариера, туку за Македонија“.

„Мислам дека ова е навистина почеток на нова ера“, рече таа.

Во првото обраќање Пендаровски рече дека не очекувал вакви резултати, мислејќи пред се дека разликата во однос на Силјановска Давкова ќе биде помала.

Како една од причините за понискиот резултат наведе седум спротивставени кандидати, поради што гласовите се расфрлани.

Утре е нов ден, повторно почнуваме со средби со граѓаните, практично почнуваме од нула“, рече актуелниот претседател.

„Ги охрабрувам граѓаните кои не излегоа во првиот круг да учествуваат во вториот круг.

Останува да видиме кои партии кого ќе поддржат за две недели.

Сепак, Незири смета дека тоа нема да има влијание врз крајниот исход бидејќи, како што наведува, таа моќ на одлучување ја немаат ниту албанските партии.

„Дури и да ги мотивира сите нивни гласачи да гласаат за Пендаровски, сепак не можат да го променат исходот од првиот круг на изборите“, вели тој.

Распределба на гласови меѓу албанските партии

Бујар Османи, македонскиот министер за надворешни работи, како кандидат на коалицијата на ДУИ, освои 13 отсто од гласовите, а Арбен Таравари, кандидат на албанската опозиција, собрани на листата Влен (Вреди) освои девет отсто.

Листата на ВЛЕН беше формирана пред овие избори со поддршка на премиерот на Косово Аљбин Курти и неговата партија Самоопределување, која по изборите во Албанија учествуваше и на гласањето во Северна Македонија.

„ДУИ покажа одредена изборна моќ“, смета Михајловски, додавајќи дека „најверојатно државниот сектор донел одлука во однос на опозицијата“.

Интересно е и тоа што доколку албанските партии имаа еден кандидат, тој ќе го поминеше вториот круг со вкупно 22 отсто од гласовите, што досега не се случило.

Блерим Река, претседателски кандидат на изборите во 2019 година, освои 10,5 отсто од гласовите, додека Илијаз Халими 4,5 отсто во 2014 година.

Сепак, за ДУИ и за Вреди првиот круг од претседателските избори беше пред се тест на силите пред парламентарните избори.

Незири смета дека и двајцата очекувале многу повеќе гласови во првиот круг и дека не ги мотивирале доволно Албанците во Северна Македонија да излезат на избори.

„Овие резултати се разочарувачки за двете опции“, рече тој кратко.

Треба да се земе предвид и политичката еуфорија кај симпатизерите на ВМРО, кои дополнително ќе се мотивираат за парламентарните избори, поради што без многу мака ќе формираат влада по 8 мај“, додава Незири.

Претседателската функција во Северна Македонија е главно церемонијална затоа што лидерот на државата не носи извршни одлуки, но може да предложи судии за врховниот и уставниот суд до парламентот за конечна одлука.

Ги чекаме парламентарните избори кои ќе одредат во кој правец ќе се движи државата, а очекувам и таму да победи ВМРО“, вели Стефановски.

Следната влада, вели тој, треба да биде реформска и да ја води борбата на два фронта, против корупцијата и на патот на Северна Македонија кон ЕУ.

„Македонија мора да се движи кон ЕУ и го нема луксузот да биде во политичка криза“, заклучува тој.

(BBC News)

Фото: Фејсбук ВМРО-ДПМНЕ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип