ДАЛИ ПЛАНИРАТЕ ДА ОДИТЕ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Пленковиќ откри за колку ќе ги зголеми платите
Објавено во: Економија 22 Мај, 2025 16:44
На владината седница во четвртокoт, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ ги коментираше новите податоци од Централниот завод за статистика, според кои просечната нето плата е 1.448 евра.
Податоците од Хрватскиот завод за статистика покажуваат дека просечната месечна нето плата кај правните лица во март изнесувала 1.448 евра, што е за 9,2 проценти повеќе номинално отколку во истиот месец минатата година, односно за 5,8 проценти повеќе реално, поради влијанието на инфлацијата, објави danica.hr.
„Така, продолжуваме кон целта за достигнување просечна нето плата од 1.600 евра до крајот на мандатот на сегашната влада“, вети Пленковиќ.
Толку треба да изнесува просечната нето плата најдоцна до мај 2028 година, кога завршува мандатот на оваа Влада. Со други зборови, планот на Пленковиќ е номинално да ја зголеми платата за околу 300 евра нето за четири години.
Многу македонски граѓани работат во Хрватска во сезоната. Станува збор за илјадници работници.Foto: VLADA RH
Можеби ќе ве интересира
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година




