Дали Плутон треба да биде планета или не?
Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2014
Кога астрономите решиле да му го одземат статусот планета на Плутон во 2006 година, децата и возрасните направиле прилично гужви поради таа одлука. Поедини деца дури и праќале писма на планетариумите жалејќи се на таа одлука.
„Зошто мислите дека Плутон веќе не е планета? Плутон е мојата омилена планета. Плутон е планета!“, напишало едно момче во писмото упатено до директорот на планетариумот во Хајден.
А сега изгледа дека и поедини астрономи се премислуваат. Во текот на дебатата одржани во Хардвард - Смитсонија Центарот за астрофизика, три експерти за планетарна наука расправаше за тоа дели Плутон треба да се смета за планета или не.
Доктор Гарет Вилијамс од Центарот за мали планети на Кембриџ изјави дека ова ледено тело не се квалификува за статус планета, но Доктор Димитар Саселов, директорот на Хардваровата инцијатива за потеклото на живот го смета спротивното. А доктор Овен Џинџериќ, професор по астрономија на Хардвард тврди дека одредувањето дали е или не е планета не е на научниците.
„Тоа што е планета е збор која со текот на годините се променува. Сосема наивно е да се мисли дека можеме да одредуваме што е планета, а што не“, изјавил тој.
Познатиот научник Бил Нај не присуствуваше на коференцијатам но долгогодишниот фан на Плутонсвоето видување на целата приказна го дал за сајтот Хафигтон Пост.
„Ако астрономите сакат да го наречат Плутон планета, јас немам ништо против тоа. Доколку тоа е патот кој го изберат, верувам дека ќе додадат уште пар објекти кои имаат доволно гравитација да бидат облик на таа кфалификација.
Го сакам Плутон како и секоја друга личност, но тој има друго потекло од традиционалните планети и орбити. Можеби нема да биде интересно да се именуваат стотина нови (многу стари) планети, но немам ништо против ни 8 традиционални планети и стотина „Плутоиди“. Овие објекти се таму и имаат карактеристики кои ги имаат без оглед на тоа како ги нарекуваме. Но знам, луѓето можат да бидат прилично стравствени по тоа прашање“.
Што е всушност планета? Судејќи по дефиницијата која ја востанови Интернационалната унија на астрономи, планетата е небеско тело кое исполнува три критериуми: кружна е, орбитира околу сонцето и врши гравитациона доминација на своето опкружуваење, „чистејќи го соседството од другите тела околу својата орбита“.
Плутон не го исполнува последниот критериум, со оглед на тоа дека околу него се наоѓаат објекти со слична величина.
Што мислите вие? Дали Плутон би требало повторно да стане планета ?