25 Април, 2024
0.0310

Дали „пркосот на Стојко“ му пресуди и на Куштрим Рамадани?

Објавено во: Економија 06 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

МЕПСО ќе добие нов директор. Сега „во овој болид“ ќе се проба „пилот“ на „Алтернатива“. Дали „Алтернатива“ ќе добие само фирма со приход кој годишно надминува 90 милиони евра? Ќе и се „стемни“ ли на „Алтернатива“ ако продолжат од Европа да стигаат фактури во милиони евра за превземена струја која не ја обезбедилe ЕСМ и домашните снабдувачи?

Парламетарната партија „Алтернатива“ влезе во Владата и доби „мираз листа“ со пеесетина јавни институции, државни претпријатија во кои ќе постави раководни лица или нивни заменици.

Најзвучно место е министерското во ресорот за здравство. Но сепак од економски и финансиски аспект не е помалку важно и директорското место во МЕПСО националниот оператор на електропреносниот систем.Еве и зошто, според официјални достапни информации објавени во јануари 2021 година достапни на сајтот на Македонска берза МЕПСО има годишен приход од 90 милиони евра и добивка од речиси 7 милиони евра. Тоа значи дека генералниот директор на таа компанија во една година ставил потпис за исплати вредни над 80 милиони евра.

Еве овие параметри доволно говорат за тоа колкаво влијание и моќ дава таа функција.

„Алтернатива“ МЕПСО го добива од ДУИ. Но сега доаѓаме до најважното...

Каков пазар направи Гаши?

Во тек е најголемата електроенергетска криза во Македонија во последниве триесетина години. Зимата е на прагот и никој не може да гарантира дека ќе имаме доволно домашно производство на струја. Државната компанија за производство на струја ЕСМ заради недостиг на јаглен и вода за производство на струја ја доведе Владата во ситуација да прогласи енергетска кризна состојба и да им додели на државните енергетски компании 65 милиони евра. Во крајна линија оваа ситуација е последица на одлуките на Владата, од 2017 година наваму, за дампинг цени на струјата од ЕСМ со што компанијата и беше доведена до ваква состојба која сега изгледа безизлезна (времето кога Анѓушев како вицепремиер ја постави производната цена на 37 евра за мегаватчас).

Сега набавката на јаглен не оди според планираното, вода во хидроцентралите има многу малку, а не е набавен ниту мазут да се стартува производството во ТЕЦ Неготино – кое требаше да даде алтернатива на домашни фирми да не мора да купуваат струја по берзански цени...

Тоа значи дека ако немаме доволно домашно производство фирмите и домаќинствата ќе треба да купуваат по цени на берзите. А тие надминуваат 250 евра за мегават час. Дали во јануари, во сред зима, ќе се намалат? Во овие околности тешко веројатно.

Е ако не можат да купуваат фирмите сами и ако ЕСМ нема доволно производство на крај МЕПСО ќе мора да превземаме струја од регионалниот електроенергетски систем. И за тоа превземање европските енергетски институции фактурата ќе ја праќаат во МЕПСО. Во овие услови е многу веројатно дека нашиот систем ќе превзема струја од соседните системи во тек на зимава.

МЕПСО ќе треба да ја плати фактурата, а како и од кого ќе наплаќа останува да се види. Најизгледно е дека ќе моли за поддршка од државниот буџет.

И сега доколку дојде ваква ситуација МЕПСО ќе биде во тешка состојба затоа што приоритет ќе биде да се плати фактурата за превземањето, а потоа се друго. Доби ли „Алтернатива“ фирма што е потенцијален загубар? Ќе видиме наскоро...

Зошто ДУИ го даде МЕПСО?

Конкретен одговор на ова прашање нема. Веројатно ќе нема. Актуелниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани во компанијата дојде пред една година. Дојде како професионалец со искуство во Регулаторна комисија за енергетика. Во јавноста ќе остане запаметен по тоа што беше единствен кој прв и отворено кажуваше дека ЕСМ не произведува доволно електрична енергија и дека стравува за количината на домашно производство во иднина затоа што нема доволно јаглен, а нема ниту вода во хидроцентралите. 

Всушност беше и првиот функционер кој отворено јавно кажуваше дека приватните снабдувачи и ЕСМ му направија долг на МЕПСО од 18 милиони евра за превземена електрична енергија од регионалната мрежа.

Дали пркосот на Стојко му пресуди и на Куштрим?

A.T.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди