КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2025
Малопродажниот ланец Кауфланд планира да отвори до 20 нови
продавници низ Германија оваа година. До крајот на март, најавија, ќе отворат
пет продавници и тоа во Бедбург, Ингелхајм, Јетинген, Карлсруе и Лудвигсхафен.
Како што објаснија, им се важни атрактивни локации, со добра сообраќајна поврзаност, функционални капацитети и потенцијал за развој на околината, пишува Fenix-magazin.de.
Моментално имаат 770 филијали во Германија и ги проширија своите операции во Полска, Романија, Чешка, Словачка, Бугарија, Молдавија и Хрватска, каде што имаат 50 филијали и поседуваат меѓу пет и 10 отсто од пазарниот удел. Сепак, нивната мрежа на продавници е динамична, бидејќи годинава најавија затворање на неколку десетици експозитури во Германија.
Не е познато што ќе им понудат на клиентите новите продавници на Кауфланд. Неодамна се појавија информации за автомати со евтини пакувања со непозната содржина. Од компанијата не открија дали ќе ги инсталираат овие машини во нови продавници.
фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACHМожеби ќе ве интересира
ГУМИТЕ СЕПАК ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ: „Тигар“ избегна банкрот, државата отвара нови работни места

Тренчевска: Новата програма за помош од 1.000 денари за плаќање струја изоставува голем број граѓани

ИДЕ ВРЕМЕ ЗА ДИВИДЕНДИ! Колкав е дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки?

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА - какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ЏЕПАРЛАК ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ: Можат ли да се социјализираат без да потрошат пари?

Гасна централа е спас за долговите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

КОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Се воведуваат дозволи за патување, некој може да биде одбиен

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НУТЕЛАТА ПО СМРТТА НА НЕЈЗИНИОТ КРЕАТОР? Создаден пред повеќе од 60 години, Италијанците би го ставиле на поштенска марка, но што велат наследниците?
