Дали САД со диломатија ќе помогне за решавање на името?
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2018 21:18
САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Oва го изјави помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел.
„Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и Косово, туку работиме и на БиХ, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав, дел од нашиот тим во моментов работи на ова прашање, а САД продолжуваат да играат тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите, охрабрувајќи да се најде решение за името, за да ја видиме Македонија како членка на НАТО“- рече Мичел во обраќањето на Херитиџ фондацијата, каде ја промовира стратегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.
Истакна дека САД на овие области на дневна основа трошат време и енергија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан.
Грчките медиуми пишуваат дека утре македонскиот премиер Зоран Заев треба да се слушне со колегата Алексис Ципрас и да даде договор за името. Ако оваа шанса се испушти, Македонија ќе ја пропушти шансата за ЕУ и НАТО.
Деновиве имаше најави и од македонски политичари дека прашање на денови е кога договор ќе се потпише меѓу двете страни.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




