16 Мај, 2024
0.0295

Дали севернокорејскиот лидер ќе ја нападне САД?

Објавено во: Свет 15 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Пјонгјанг ќе го следи делувањето на САД и ќе донесе одлука дали ќе ги лансираат проектилите. 

Лидерот Ким Јонг Ун вели дека ќе го набљудува делувањето на САД одредено време пред да донесе одлука дали ќе нареди лансирање на проектилите. Како што рече Јонг - Ун „ќе го следиме глупавото однесување на Јенките, па ќе делуваме“.

Севернокорејската војска го претставила планот за ракетен напад на американската пацифичка територија Гуам.

Пјонгјанг му порачува на Вашингтон - базата во Гуам не е веќе безбедна од Белата куќа, а брзиот одговор е „Ја поминавте црвената линија - подгответе се за бес и оган“.

Ракетите ке бидат лансирани ако „Јенките истраат во своето опасно и неодговорно делување на Корејскиот полуостров и соседството како и дека САД треба разумно да размислуваат и исправно да пресудуваат“.

Оваа изјава многумина ја сметаат како почеток на смирување на кризата.

Минатата недела Северна Кореја соопшти дека ги финализирала плановите за истрелување четири ракети во водите во близина на островот Гуам каде што се сместени американски воени бази.

Притоа беше пренесено дека се чекало само на наредбата на Ким Џонг Ун.

Тој во понеделникот пратил инспекција на армијата, ги разгледал долгорочните планови и разговарал со армиските офицери, стои во соопштението на севернокорејската државна новинска агенција.

Притоа тој како што се додава, наредил армијата постојано да биде подготвена да изеведе ракетен удар, но оти ќе ги следел уште извесно време потезите на Соединетите Држави пред да донесе одлука за лансирање на ракетите.

До ова дојде откако американскиот секретар за одбрана Џеф Матис предупреди дека таквиот потег би можело „многу бргу“ да ескалира во војна.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“