19 Декември, 2025
8.0657

РАЗРЕШУВАЊАТА НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ - еве кој се е на списокот

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2024 11:48

Добивај вести на Viber

Разрешени дел од директорите на скопските клиники. Како што најави новиот министер за здравство Арбен Таравари, веднаш по преземањето на функцијата разреши осум економски директори, кои се водат како вршители на должност и за кои не постои законска пречка за ексресно да ги напуштат фотељите.

Притоа први чии функции завршуваат се директорите на скопската Клиника за Неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, потоа економските директори на Дерматологија, Ревматологија. Физикална медицина, како и Токсикологија, Стоматолошката клиника и Психијатриската клиника.

Воедно, со одлука на министерот, разрешена е директорката Бесија Иљази на Клиниката за Токсикологија, околу чие работење се крена гоелма галама и бунт во редовите на клиниката. И покрај поплаките на вработените дека недостига стручен кадар, таа вработуваше лица кои немаа соодветно искуство, ниту образовение, но ја имаше поддршка од поранешниот министер Илир Демири. Таа не комуницираше на македонски јазик, ниту со вработените на клиниката, а ниту со новинарите, со што предизвикуваше дополнителен револт. 

За потсетување, скопските клиники имаат по двајца директори од 2006 година. Според системот на врзани потписи, тие требаше да направат ефикасни реформи во здравството, а во исто време да ја зголемат контролата на работењето. Со текот на времето, проектот во јавните здравствени установи пропадна, а економските директори останаа да управуваат само на скопските клиники. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот