28 Март, 2024
0.0249

Кој го искривува Советот за реформи на правосудството на Заев?

Објавено во: Анализа 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Правосудството се чини дека ќе биде Гордиевиот јазол на македонскиот премиер Зоран Заев кој токму во оваа област ветуваше многу силни реформи за ставање крај на Сваровски судството, за креирање независно и авторитетно јавно обвинителство, за политичка одговорност и почитување на владеењето на правото. Сепак, советот за реформи кој заедно со министерството за правда ги подготвуваше предлог законските решенија распука по повеќе шавови и на површина испливаа повеќе незадоволни професори и експерти кои не се согласија со начинот на кој се води процесот и изразија големи сомнежи во вистинската желба на министерот па и владата да реализира квалитетни реформи.

Сега, откако премиерот Заев ја презеде обврската за формирање на нов совет за спроведување на реформите во правосудството од повеќе страни стигнуваат загрижувачки информации за тоа која се ќе членува во него, односно кадри кои многумина сметаа дека треба да бидат во најмала рака изолирани и во најтешка да бидат разрешени поради јавните обвинувања и сомнежи.

Така се шират информации од повеќе извори дека во советот за спроведување на реформите во правосудството ќе членуваат Виолета Дума, Михајло Маневски, Јово Вангеловски, Зоран Караџовски....

Засега од Владата на Република Македонија засега ниту ја потврдуваат информацијата за овие имиња кои се вртат во јавноста, ниту пак има конкретен демант, па еве што ни одговорија.

„Владата ќе ја информира јавноста за членовите на советодавното тело за реформи во правосудството кога ќе бидат познати имињата“ одговорија од владината прес служба.

Исто така и од министерството за правда нема конкретен одговор за посочените имиња, но тие не се надлежни за изборот и составот на советот туку тие прашања сега се во ингеренции на премиерот Заев.

Виолета Дума е доскорешниот член на Државната изборна комисија која заедно со повеќето нејзини колеги на затворена седница без јавна објава си доделија повеќе бонуси за нивното работење со сума која ја разгневи македонската јавност и предизвика да си поднесе оставка од ова тело. Таа во комисијата беше предложена од страна на СДСМ како правен експерт, па можеби повторно ќе биде ангажирана во новиот владин совет.

Михајло Маневски е поранешен министер за правда во владите на Никола Груевски и токму од СДСМ беше посочуван како еден од најголемите проблеми кој го претвори правосудството во сервилно на власта, под големи притисоци, закани и контрола, барем додека беше во опозиција.

Заев според предвидената владина динамика требаше советот за следење на реформите во правосудството да го формира на крајот на јануари, но се доцни подолг период најверојатно поради засилените надворешни задачи.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот