19 Декември, 2025
0.3432

Дали спорот меѓу Македонија и Бугарија ќе го решава комисија во сенка - историчарот Дечев ќе ја формира

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2022 11:12

Добивај вести на Viber

Бугарскиот историчарот Стефан Дечев најави формирање на заедничка бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“, која ќе работи паралелно со постојната Комисија за историски и образовни и која би требало да го трасира патот на преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Дечев, кој е член на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство, во изјава за Бугарското национално радио (БНР) вели дека таа нова Комисија ќе има своја агенда, свој календар и свои состаноци и цели и ќе покаже дека не мора да има скандали по секоја средба на историчарите од двете земји.

Дечев изразува надеж дека членовите на „Комисијата во сенка“ ќе бидат подготвени за отворен дијалог.

- Целта е да се покаже дека е можно да се соберат луѓе од двете страни на границата и да се води искрен и плоден дијалог насочен кон сите области од животот - изјави Дечев, говорејќи за мисијата на Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој брои повеќе од 120 членови. Дечев најави и дека првиот јавен настан на новиот Клуб во Бугарија ќе се одржи на 16 мај.

Во врска со изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев во однос на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, Дечев оцени дека шефот на бугарската држава не е тој што треба да кажува како стојат работите кога станува збор за историјата.

Според Дечев, бугарската позиција по прашањето на земјава постојано се менува и кога се следат медиумите во Софија и во Скопје се добива впечаток дека тие создаваат амбиент кој на краток рок не придонесува за промена на ставовите. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината