Дали Србија најде решение за наставата во време на пандемија?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Август, 2020
Србија нуди неколку модели за работа на школите.
Се предвидува часовите да траат 30 минути.
„Министерство за образование планира на училиштата да им понуди неколку модели за работа од 1 септември, а тие треба да одлучат што ќе прифатат врз основа на нивните можности“, изјави денеска министерот за образование Младен Шарчевиќ.
Тој додаде дека еден од моделите е часовите за учениците од 1 до 4-то одделение да се одвиваат во училиштата, сите со заштитни мерки, а одделенијата да се поделат до 15 ученици.
Учениците до четврто одделение да имат по четири часови дневно, а по секој блок часови училниците да се дезинфицираат.
Шарчевиќ најави дека постарите ученици од основните училишта ќе одат на училиште од 14 часот. од петто од седмо ќе имаат по пет часа дневно, а во осмо по шест.
Во изминатите 24 часа, 8.086 луѓе во Србија се тестирани за коронавирус, а 235 од нив биле позитивни. Починале шест лица. 91 човек се на респиратор.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.