Дали стакло во природа може да предизвика пожар?
Објавено во: Македонија 05 Август, 2021 17:00
Многу се мали шансите стакло во природа да предизвика пожар, вели Ефтим Митров, раководител на пиротехничари во Дирекцијата за заштита и спасување.
Тој објаснува дека е потребно да се поклопат повеќе фактори, за да дојде до запалување на стаклото во природа. Постои минимален ризик од обично стаклено шише фрлено во шума да избие пожар. Дополнително, не секој вид на стакло има иста реакција во допир со сонце и може да води кон појава на пожар.
„Потребно е да дојде до зумирање, да се фокусира светлината на едно место и да бидат исполнети многу фактори за да се случи стаклото на отворен простор да се запали. Истото се случува и со скршено огледало. Во 99 отсто од случаите пожарите се предизвикани од човечки фактор. Правен е тест на обука, со запалена цигара поставена на сува трева и доколку нема ветер тешко ќе дојде до пожар. Ваков обид е направен во контролирани услови. Пожарите многу брзо се шират во борова шума, при што шишарките пукаат, и се распрскуваат на оддалеченост од 20 метри“, вели Митров.
Додава дека пожарите на отворен постор брзо се шират и тешко се контролираат во услови на топлотен бран. Луѓето кои се добро упатени на темава, и држат обука за пожарникари, велат дека во шумите каде нема движење на луѓето, нема ниту фрлени стакла, а дури и да има, под сенка и под дебелите крошни мала е веројатноста дека ќе има опасност.
„Мисловна именка е некој да смета дека во шумите пожар настанал од парче стакло. За да се запали стакло, треба да се поклопат многу услови и тоа се случува многу ретко. Треба да има екстремно високи температури константно, цел ден и да го опфаќаат стаклото. Кај нас 99.9 отсто од пожарите се од човечки фактор. Пожари се јавуваат таму каде што се движат луѓето“, вели Ѓорѓи Илиев, инспектор во ДЗС Валандово.
Во Македонија изгореа огромни површини со шума поради пожарите кои се шират на истокот од земјата. Во Општината Старо Нагоричане 59 годишна жена загина во пожарите. Во земјава е прогласена кризна состојба за период од 30 дена поради огнената стихија.
Сања Атанасовска
foto unsplash.com
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




