19 Декември, 2025
0.0425

Дали во борбата за егзистенција може да ни се случи синдромот на „прегорување“ од работа?

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Многу македонски граѓани поради лошиот стандард во државата, со години се принудени освен основната работа, да бараат и дополнителни извори на приходи, што физички и психички ги истрошува. Сега во време на енергетска криза  и инфлација, граѓаните бараат начин да заработат некој денaр плус, со дополнителен ангажман за време на викендите или по завршувањето на работното време.

Овие обврски ги туркаат граѓаните во трка со времето. Трпи личниот живот и семејството. Потребна е поголема концентрација за да навреме ги завршат сите работни задачи.

„Во ова време на инфлација и уште повеќе време на социо-економска и здравствена криза, стравот стана доминантна и пролонгирана емоција кај повеќето од луѓето. Стравот е вродена и корисна емоција, која ни помага да преживееме и да се развиваме доколку ситуациите во кои се јавува (како одговор на реална или антиципирана опасност, закана и несигурност) имаат разрешница. Но, во изминативе години за жал се случува токму спротивното: секојдневни „закани“ по основните човекови права и потреби за топол дом, немање соодветни (основни) работни услови, здрава храна и неопходен одмор; неизвесност за иднината, постојан страв, финансиска и здравствена несигурност и „борба за преживување“. Во оваа „борба за преживување“ и обезбедување дополнителен приход, многумина работат и многу повеќе од законски предвидените 40 часа неделно, што претставува сериозен ризик за психо-физичкото здравје на работникот. Поточно, прекувременото работење, од над 55 часа неделно, го зголемува ризикот за депресивност, хроничен умор и стрес, анксиозност, нарушувања во спиењето и апетитот, хипертензија, зголемено конзумирање на алкохол, цигари и други супстанци, зачестени повреди на работно место“, вели психологот Билјана Атанасовска.

Таа објаснува дека има истражувања кои покажале дека прекумерната работа води кон мозочни и срцеви удари кои завршуваат фатално.  Психологот вели дека во вакви услови синдромот на „прегорување“ од работа (burnout syndrome) е неминовен. Атанасовска рече дека вообичаените причини за прегорување вклучуваат: преземање многу повеќе професионално - во однос на работата и интерперсонално со семејството и пријателите, околку што личноста може да поднесе, лоша грижа за себеси и немање на социјална поддршка.

„Но, исто така живееме во време на подем на верувањето дека сè може да се достигне со напорна работа и дополнителен труд. Наводно имаме апсолутна слобода да го избереме патот до достигнување и успех. Овде велам „наводно“ бидејќи слободата на избор, личните аспирации и можности не се независни од полето на дејствување и контекстот на живеење и не го занемарувам фактот дека живееме во општество со високо ниво на корупција во секој домен, речиси распаднат здравствен систем, речиси распаднат образовен систем и огромна недоверба на луѓето кон повеќето државни институции. Оттука, прекрасното верување дека „сè што ќе посакам можам и да остварам“ за голем дел од Македонците претставува огромно (некогаш и неразумно) очекување и создава високи нивоа на стрес, анксиозност и депресивност, кои доколку не се решат доведуваат до прегорување, оставајќи ве да се чувствувате исцрпени, неспособни и демотивирани. А во најлош случај „прегорувањето“ на работно место може да предизвика човекот да се посомнева дали животот воопшто вреди да се живее“, изјави Атанасовска.

Додава дека е можно човек да биде концентриран доколку има солидни вештини за организација на време и поставување приоритети, ако работи во рамки на 33-36 часовно работно време – кон кое се придржуваат и Холанѓаните и Данците на пример, а се потврдува како поефективно и попродуктивно и доколку има соодветни работни услови и задоволени основни човекови права и потреби.

„Работењето „од дома“ или „од далечина/онлајн“, кое особено зеде замав последниве две години, уште повеќе ги избриша границите меѓу работата и домот. Справувајќи се со новата „домашна“ работна атмосфера и не можејќи да се „исклучи“ од работата, човекот се чувствува распнат помеѓу работата и домот. Прекувремената работа му го одзема и она малку слободно време што претходно го имал. Брачните партнери речиси и да не се гледаат, особено ако и двајцата работат прекувремено и/или во смени, што води кон нивно отуѓување и зачестени конфликти. Од перспектива на децата, особено адолесцентите со кои сум работела, тоа изгледа како да имаат сè, што често и не им ни треба, а „немаат“ мајка и татко, што пак води до понатамошни последици врз нивното ментално здравје“, вели Атанасовска.

Психологот советува дека можеме да си помогнеме така што ќе одвоиме време за одмор, релаксација, вежбање, дружење со роднини, пријатели, квалитетно ќе го поминеме времето со семејството и тоа ќе ни помогне да ги „наполниме батериите“.

„Секаде каде што има/ло влез има и излез. За да си помогне себеси и полесно да го поднесе теретот, поединецот треба точно да знае што сака, а тоа значи да си постави цели и да ги усогласи целите и приоритетите, редовно да минува низ процес на саморефлексија и евалуација, да ги идентификува ограничувачките и негативни верувања, да работи на подобрување на својата резилиентност, да направи стратегија за рамнотежа помеѓу работата и животот и многу важно: да научи да каже „не““, вели психологот.

Сепак, нагласува дека премногу стрес може да доведе до „прегорување“, но стресот и „прегорувањето“ не се исти. Доколку сепак поединецот почувствува симптоми на „прегореност“, важно е да побара стручна помош од лиценциран професионалец за ментално здравје.

Има истражувања кои покажале дека Македонците работат повеќе и од Германците и Јапонците. Македонија е меѓу земјите со најмногу работни часови годишно. Всушност, со 1.740 работни часови годишно, просечниот работник во Јапонија работи сто часа помалку годишно од просечниот работник во Македонија. Германците како што пишуваше сајтот Moj posao, имаат 1.354 работни часови годишно и тоа е речиси 500 часа помалку од работниците во Македонија и 900 часа помалку од Бангладеш.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/ArthurHidden

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните