Дали Запорожје ќе се обедини со Русија?
Објавено во: Свет 08 Август, 2022 17:18
Во Запорожје во Украина ќе има референдум за спојување со Русија за што е потпишан указ.
Шефот на областа Запорожје Евгениј Балицки го потпиша указот. Белицки го потпиша документот за време на форумот на движењето „Заедно со Русија“ што се одржа во Мелитопол, Запорожје, а на форумот учествуваа повеќе од 700 делегати од регионот.
Одлуката за одржување референдум за присоединување на Запорожјеската област кон Русија е донесена едногласно.
Резолуцијата за одржување референдум ја прочита членот на главниот совет на воено – цивилната администрација на регионот Запорожје, Владимир Рогов. Претходно, тој нагласи оти жителите на регионот Запорожје и Русија се еден народ.
Русија цели кон отцепување на територии од Украина. Но, украинските власти се надеваат дека ќе ги вратат окупираните територии. Во Украина на 24 февруари започна војната. Со години, жители на Украина добивале руски државјанства.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




