Дали заштитните маски ќе не спасат и од загаден воздух?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Ноември, 2020
Маските кои ги носиме со цел заштита од коронавирусот, помагаат и во овие денови со високо загаден воздух.
Аерозагадувањето веќе зема замав. Тешко се дише во скоро сите градови во Македонија. Лекарите советуваат граѓаните што помалку да излегуваат на загаден воздух. Посебно внимателни треба да бидат постарите луѓе.
„Секако дека маските штитат и од загаден воздух. Помагаат и хируршките, но највеќе штитат Н-95. Но, тоа е само парцијално решение. Долгото изложување на загаден воздух може да ја намали функционалноста на белите дробови. Луѓето треба што помалку да се изложуваат на загаден воздух и доколку имаат работа да ги завршат обврските побрзо, да не бидат надвор“, вели Ангелко Ѓорчев, специјалист по пулмологија и алергологија.
ПМ честитчките освен што можат да предизвикаат оштетувања на дишните патишта,тие можат да доведат и со затнување на крвните садови. Исто така ПМ честичките имаат канцерогено дејство и претставуваат ризик-фактор за појава на канцер на белите дробови.
Љубица Балојани од „Еко жена“ од Битола вели дека маските штитат од загаден воздух, и за тоа нема дилема, но за загадувањето треба да се бара трајно решение.
„Кога немаше пандемија, дел од луѓето носеа маски со цел да се заштитат од аерозагадувањето, но тоа беа ретки случаи. Треба да се бара друго решение за загадувањето. Да се смени начинот на греење, и да се воведе мерката пар непар, затоа што издувните гасови од автомобилите значително го загадуваат воздухот. Градовите се бетонски, посебно Скопје јас го паметам од времето на моето студирање дека имаше многу зеленило. Човекот сам си штети на себеси, а природата казнува. Се умира од коронавирус, но се умира и од загаден воздух“, изјави Балојани.
Скопје завчера беше 7-от најзагaден град на светот, беше објавено на air visual. На македонскиот главен град со загаден воздух може да му парира само Сараево, кој е екстремно загаден.
Загаден воздух дишат тетовчани, кумановци, битолчани, гостиварчани, струмичани, кочанчани.
Само жителите на Дебар дишат за нијанса почист воздух.
Изминатите зими кога аерозагадувањето кулминираше, граѓаните се жалеа на печење на грлото, очите, отежнато дишење, главоболка.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.