23 Ноември, 2024
0.0269

Дали жените од руралните и урбаните средини имаат исти шанси за вработување?

Објавено во: Економија 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Граѓаните велат дека генерално за сите луѓе во нашето општество наоѓањето работа е тешко, но според нив, жените кои живеат на село ги немаат истите можности како жените кои живеат во урбана средина.

Географската дистанца повлекува повеќе трошоци за патување до работното место и назад и прашање е дали на повеќето жени ќе им се исплати да одат на работа во градот. Според граѓаните, добро би било во иднина да се отвораат повеќе фабрики во руралните средини.

„Финансиски не одговара жените од село да одат на работа во град. Треба да плати превоз, додека да стигне на работа губи време, но и да патува со свој автомобил пак е исто, прави трошоци“, вели средовечна кумановка.

Друга граѓанка смета дека без врски, роднински или партиски жените без разлика каде живеат, немаат голем избор за вработување.

„Нема правдина на ова време. Јас имам завршено Економски факултет, ама што дека? Дваесет години сум без работа, така што тешко е за сите“, рече друга невработена жена.

Од Рурална Коалиција од Кичево објаснуваат дека жените кои живеат на село се во полоша состојба. Тие направиле истражување кое укажува што е она што ги „кочи“ жените од руралната средина за вработување.

„Кога ги гледаме можностите за вработување, како и генерално економското јакнење на жените од руралните средини во никој случај не можеме да кажеме дека можностите кои што ги имаат жените од руралните со жените од урбаните средини се еднакви. Зошто? Најпрво ќе тргнеме од достапноста на информацијата. Во истражувањето што го работевме како Рурална Коалиција во текот на 2020 и 2021 година кога бевме погодени од Ковидот и работевме на економското зајакнување на жените од руралните средини и коишто беа едни од групите на граѓани коишто и најмногу беа погодени, од 95 отсто од над 350 испитанички од руралните средини истакнаа дека немаат доволно информации ниту за општите случувањата во државата, а уште пак помалку за вработување. Најчеста причина за тоа беше наведена преголемата зафатеност на жените со домашните обврски, грижата за домаќинството, стоката, постарите лица во семејството, како и работата на нива. Потоа како причина беше наведена и минималната дигитална писменост која што ја поседуваат жените од овие средини, па многу потешко се снаоѓаат со паметните телефони, интернетот, пребарувањето на информации, огласи за вработување, можности за самовработување“, вели Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална коалиција.

Понатаму, додава дека едукацијата и степенот на завршено образование е исто така една од пречките да се снајдат и добро да се позиционираат на пазарот на трудот. Жените најчесто се со средно образование со таа напомена што во последните години кај младите девојки тој тренд се менува, па има сè повеќе млади жени од рурални средини кои што имаат и факултетско образование. Во однос на еднаквоста на можностите за вработување, Јоноски споменува и уште два многу важни елементи, првиот е немањето на доволно градинки во руралните средини каде што жените би можеле да ги остават децата на чување или пак немањето на можност било кој друг да им ги чува поради работата на поле, како и немањето на јавен превоз за да стигнат до град или пак до работното место.

Има села во Македонија коишто се само 7 километри, па и помалку оддалечени од градот, но поради немањето на превоз до најблиската станица жените мора да одат пеш и по 5 километри, па и да почнат да одат некаде на работа. Жените се откажуваат по одредено време затоа што цела година да се оди пеш особено во зимски услови не е воопшто ниту лесно ниту едноставно, а претежно се вработуваат на позиции во фабрики каде што се минимално платени, па и најчестиот исказ од жените кои што се нашле во оваа ситуација е дека за толку пари подобро ќе работат на нива отколку да се соочуваат со различни предизвици секој ден кои што ги загрозуваат нивното здравје и безбедност. За еднаквост во платите помеѓу мажите и жените, пак воопшто не може да стане ниту збор. И тука би споменала уште една причина која што сакале ние да ја признаеме или не, а тоа се традиционалните норми и стереотипи. Во голем дел на села особено оние кои што се поодалечени од градовите сè уште преовладува мислењето дека местото на жената е дома да се грижи за домот, за семејството, за стоката, за нивите, па тоа е дел од причините зошто голем дел од жените не се ни пријавуваат во Агенцијата за вработување, па влегуваат во т.н. неформална економија и се невидливи за пазарот на трудот. Во согласност со податоците од институциите и истражувањата во секторот само 38 отсто од жените од руралните средини се економски активни односно или се вработени или пак активно бараат работа. Голем дел од нив не се ниту регистрирани во земјоделската дејност која што ја вршат, па така во Македонија според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаме околу 40.000 жени кои што се регистрирани и кои што си плаќаат пензиско и здравствено осигурување од дејноста која што ја вршат“, додава Јоноски.

Објаснува дека за да биде подобро во иднина, потребен е редовен превоз во руралните средини, градинки, преквалификација и доквалификација на жените, а доколку се занимаваат со земјоделство, да можат да се регистрираат како индивидуални земјоделки.

Во оперативниот план за вработување низ годините наназад, па и во тој за 2022 година како што вели Јоноски, нема мерки кои што се прилагодени на потребите и специфичностите на овие жени и кои што ќе овозможат лесно и брзо вклучување на пазарот на трудот. Вели дека од 2019 година, па наваму преку Програмата за рурален развој се обезбедува финансиска поддршка за економски активности на жените од руралните средини, но истата е премногу мала, односно 3.000 евра во 2019, 6.000 евра во 2022 година, за во 2023 година да се промени и моделот на финансирање и да се обезбедуваат средства само за оние мажи и жени кои што ќе развијат сопствен бизнис план за што ќе добијат поддршка од 10.000 евра како претприемачи почетници.  Но, Јоноски вели дека не секоја жена е спремна за водење на бизнис и затоа е потребно да се помогне со други мерки. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria