Добивај вести на Viber
Хрватското пристапување кон ЕУ, се чини, не создаде метеж на границата со Босна и Херцеговина, но тоа сигурно ќе создаде проблеми за оваа туристичка сезона, пренесува веб порталот „Т-портал“.
Новите прописи на граничните премини по пристапувањето на Хрватска во Европската унија, пишува порталот, ги пренасочија граѓаните на Босна и Херцеговина во Црна Гора, наместо на брегот на Хрватска.
Судејќи по граничниот премин Долјани близу Метковица, еден од најпрометните премини за туристите од БиХ, туристичката сезона во јужниот дел на Далмација доживува вистински колапс.
„Ако го погледнеме во истиот период минатата година, ова сега не може да се спореди. Според моето убедување, нема дури ни десет проценти од туристите кои доаѓаат од Босна во Хрватска во споредба со овој датум минатата година", тврди за новинарите од Т-Портал, еден постар селанец од Долјани.
Тој тврди дека неговите пријатели кои заминале накај Макарска укажуваат на тоа дека речиси се пусти сите плажи.
„Видете, за заминување во Црна Гора не треба ниту јас ниту мојата фамилија да вадат каква било дозвола. Се преминува границата со лична карта, а покрај тоа, Црногорците се прилично евтини и гостопримливи, па оваа година моите пари ним ќе им ги оставам. Знам многу луѓе , пријатели и познаници кои исто така, одлучија годинава наместо во Хрватска, да летуваат во Црна Гора", вели жител на Сараево кој претходно редовно на одмор одел во Макарска.
Сега, пишува порталот останува да се види како тоа ќе се одвива сообраќајот преку граничните премини со Далмација и дали далматинците навистина ќе зажалат за Босанците, пишува Т-портал.
Црногорските угостителите сега се радуваат на ваквите најави, откако и руските туристички агенции неодамна објавија дека руските гости кои традиционално го посетитувале хрватското крајбрежје,ова лето се одлучуваат да одат во Црна Гора.