22 Ноември, 2024
0.0286

ДАМА НА ЧЕЛО НА КОМПАНИЈАТА, ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДСТВОТО НА „МАКСТИЛ“ - за нова генерална директорка именувана Марија Дуковска-Павловска

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Промени во раководството се случија во една од помоќните компании во земјава од железарскиот бизнис „Макстил“. 

Со компанијата во следниит четиригодишен период ќе раководи дама - Мариј Дуковска Павловска.

„Акционерското собрание на „Макстил“ А.Д. - Скопје поради истекот на мандатот на Одборот на директори, го изгласа новиот состав на одборот на компанијата за наредниот мандат од четири години. Нов член на одборот е Марија Дуковска Павловска која на првата седница е избрана за нов генерален директор на Макстил, на местото на досегашниот генерален директор Иван Бановски. Дуковска Павловска, која ќе стапи на должноста од први февруари, поседува богато менаџерско искуство во областа на финансиите и индустријата, а на новата позиција доаѓа од позиција на управител на KEMET Електроникс Македонија, управител на КЕМЕТ Електроникс Бугарија, директор за ЧР на КЕМЕТ за Источна Европа и на едукација за Европа, како и член на проширениот лидерски тим на КЕМЕТ Електроникс“, се вели во соопштението од компанијата.

Одборот на директори ја изразил својата благодарност на Бановски за неговиот драгоцен придонес во текот на изминатите осум години како член на Управниот одбор на Макстил, но уште повеќе како генерален директор на компанијата, со што овозможил Макстил да постигне важен напредок и да се развива во модерна, динамична компанија каква што е денес.

Бановски останува во Макстил и ќе продолжи своето големо искуство и експертиза да ги вложува во компанијата и да дава поддршка со својот професионален придонес.

Освен оваа, aкционерското собрание на Макстил изгласал и промена (по нејзино барање) на независниот член на одборот Татјана Шишковска, на чие место беше назначена Александра Мишковска, како нов независен член на одборот.

„Со промените во управувачката структура на Макстил, компанијата останува посветена и фокусирана на постигнување поголеми резултати на меѓународните пазари, со континуирани инвестиции во подобрување на производните процеси и во воспоставување безбедна работна средина со можности за професионално унапредување за вработените, како и компанија со обемна општествена одговорност и активно учество во подобрување на заедницата“, се вели во соопштението од компанијата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат