Дамаск: Воздушните напади на САД врз „Исламска држава“ се неефикасни
Објавено во: Свет 07 Март, 2015 11:07
Бомбардирањето на земјите од коалицијата предводена од САД, меѓународната коалиција во позициите на групата „Исламска држава“ во Сирија и Ирак има само „површен карактер и се карактеризира со мал обем“. Тоа го изјавил во интервју за јапонската агенција Кјодо заменик-министерот за надворешни работи на Сирија Фејсал ал Микдад.
Заменик-министерот изјавил дека „најефективниот начин за борба со Исламска држава се копнените операции“, кои може да се извршат од самите Сирија и Ирак. Тој исто така, додал дека подготовките на антивладините сили во Сирија, извршени од САД, „доведува до продлабочување на конфликтот и ширење и на други земји“.
Ал Микдад исто така, ја повика Јапонија кон поблиска соработка во борбата против тероризмот.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




