26 Декември, 2024
0.0303

Даринка Дамјановиќ, директор на Централен Депозитар за хартии од вредност

Дамјановиќ: Дигиталните извештаи за инвеститорите поевтини и за 50 отсто

Објавено во: Финансии 19 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Компаниите и акционерите ќе имаат брз пристап до сите релевантни информации за друштвата без да треба да доаѓаат и физички на шалтерите во Централниот депозитар за хартии од вредност во Скопје, вели во интервју за Фактор, директорката на институцијата Даринка Дамјановиќ по промоцијата на порталот за следење на електронските извештаи. Дамјановиќ вели дека на ваков начин поевтинуваат поголем дел о дуслугите кои ги нудат, а дека со дигитализацијата ќе им се олесни значајно функционирањето на учесниците на пазарот.

Централниот депозитар промовираше портал за следење на електронските извештаи. Дигитализацијата на работата можеби беше неминовна, но за каков концепт станува збор и кои ќе бидат корисници?

Во Депозитарот планиравме зголемување на палетата на услуги кон крајните корисници со едно вакво решение многу одамна, но поради различни причини до сега не можевме да ги исполниме овие цели. Пред две години се оствари соработка со ЕБРД која ги препозна нашите потреби и се согласи да учествува во Проект за техничка поддршка на Депозитарот кој се состоеше од две фази. Првата фаза се однесуваше на изготвување на Технолошка стратегија за развојот на институцијата и Анализа на нејзината усогласеност со меѓународните стандарди за финансиските инфраструктурни институции и најдобрите практики во оваа област. Втората фаза на Проектот беше развој на софтверско веб базирано решение за интернет пристап на издавачите и инвеститорите во хартии од вредност до податоците кои се евидентирани во дата базите на институцијата кои за нив како крајни корисници значат многу од аспект на носење на соддветни одлуки за инвестирање, односно информации за акционерите, движењето на сопственоста во рамките на конкретно акционерско друштво, податоци од значење за корпоративното управување во рамките на самите издавачи.

Ова значи дека концептот на Порталот, е брз и едноставен пристап до релевантни информации за двете групи на корисници, издавачите и инвеститорите во хартии од вредност. Корисниците можат да добијат извештаи од информативен карактер, или извештаи кои ќе бидат верификувани со електронски потпис и временски жиг, по свој избор во зависност од нивните потреби.

Дигитализацијата се спроведува за да се олесни процесот на работа и за акционерите и за друштвата. Очекувате ли интерес?

Секако. Очекуваме во почетокот зголемен интерес од котираните друштва на Македонската берза на хартии од вредност, тоа се оние друштва кои се најликвидни на берзата и почесто имаат потреба од податоците кои ги евидентира Депозитарот, потоа акционерските друштва од внатрешноста, кои сега нема потреба да доаѓаат во Скопје во нашите канцеларии за да ги подигнат потребните извештаи. Би требало и сите останати акционерски друштва да ги препознаат предностите на Порталот, бидејќи не само што тие ќе заштедат време и ангажман на своите ресурси туку преку користење на Порталот повеќето од извештаите ќе ги добиваат и по пониски цени. Достапни се и бесплатни извештаи и информации.

Со користење на Порталот инвеститорите во хартии од вредност и домашните, но особено странските имаат очигледно многу поедноставен начин на пристап до своите сметки за хратии од вредност од било која локација. Тие не треба да се обраќаат до Депозитарот, туку од овие информации ги дели едноставна најава на системот по претходно поднесено барање до некоја од нашите членки која има соодветен договор со депозитарот за таа намена или директно до Депозитарот. Плаќањето е исто така едноставно, со платежни картички.

Какви информации ќе можат да добијат имателите на акции во македонските акционерски друштва, а какви издавачите, односно компаниите?

Сите извештаи кои се достапни на порталот се креирани согласно потребите на корисниците. Порталот нуди широка палета на извештаи и за двете групи корисници кои се достапни и до сега со нивно подигнување директно во Депозитарот, но и извештаи и услуги кои до сега не беа достапни и се нов производ.

На пример, инвеститорите имаат можност on-line да ја проверат моменталната вредност на нивното портфолио согласно поледните берзански цени (доколку со тие хартии од вредност имало тргување по 01.01.2017г, во спротивно се користи номиналната вредност на тие хартии од вредност).

Издавачите пак, ќе имаат можност да испраќаат соопштенија до своите акционери кои имаат пристап до Порталот. Издавачите ќе можат да посочат лица кои тие ќе ги дефинираат, а кои имаат пристап до чувствителни информации, и да го следат тргувањето со акциите издадени од тој издавач на тие конкретни лица.

Колку ќе чинат услугите, рековте дека поевтинуваат достапните податоци. Колкаво е поевтинувањето?

Кога ги креиравме тарифните ставки за понудените извештаи и услуги на Порталот, внимававме и во предвид ги имавме интересите на издавачите и инвеститорите, бидејќи тие се наши клиенти. Бидејќи се работи за широка палета на извештаи, дури има извештаи кои ги содржат истите податоци но цената зависи од тоа колку акционери има едно друштво, или од тоа дали се бараат тековни информации или историски информации, не би можела да ви дадам сублимиран одговор. Како пример, кај некои извештаи има намалување и повеќе од 30% кај издавачите, а кај инвеститорите кај некои извештаи има намалување од 50%. За целосен увид во разликата во цените ги упатуваме инвеститорите и издавачите да  ја погледнат нашата веб страница www.cdhv.mk каде објавивме споредба на цените за извештаите кои се преземаат on-line  и извештаите кои можат да се добијат во нашите канцеларии.

Во друг сегмент, дел од податоците за друштвата се достапни и за граѓаните. Планирани ли се новитети и во овој дел.

Во делот на јавно достапните информации Депозитарот мора строго да се придржува на законските прописи. Во овој сегмент, остануваат јавно достапните агрегирани (деперсонализирани) податоци за секое друштво кои ги објавуваме на веб страницата, како и податоците за сопственици на над 5% во акционерските друштва кои котираат на Македонската берза на хартии од вредност и акционерските друштва со посебни обврски за известување.

Како институција сте еден од столбовите на пазарот на хартии од вредност, па како гледате на развојот во последниот период, се разбира и во време на приближување на земјата кон Европската Унија, кои се неговите предизвици?

Централните депозитари за хартии од вредност во сите развиени пазари се строго регулирани институции. Од аспект на следење на меѓународните стандарди кои се применуваат на овие институции се трудиме да бидеме во чекор со регионалните и европските депозитари. Во 2015 година на депозитарите во европските земји за првпат започна да се применува посебна Регулатива за централни депозитари за хартии од вредност. Во моментов се работи на нејзино подобрување и драфтување на нацрт на Регулативата во второ ниво. Нашиот депозитар усогласувањето со оваа регулатива ќе го има како приоритет во наредниот период и покрај тоа што таа се применува само на депозитари во земјите членки на унијата, бидејќи се работи за долготраен процес со кој сметам дека сега е вистинското време да започнеме чекор по чекор да се усогласуваме, во спротивно можеме да дојдеме во една статус кво ситуација која не би била добра за ниту една од засегнатите страни на македонскиот пазар на капитал.


Можеби ќе ве интересира

ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА ТТК БАНКА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - НБМ даде согласност за Драгољуб Арсовски

ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА ТТК БАНКА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - НБМ даде согласност за Драгољуб Арсовски

„Стабилноста на денарот е загарантирана“: гувернерката Ангеловска-Бежоска уверува и додава дека се уште има голема неизвесност

„Стабилноста на денарот е загарантирана“: гувернерката Ангеловска-Бежоска уверува и додава дека се уште има голема неизвесност

КОНЕЧНО ОТКРИЕНИ ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Еве каде заработуваат како кралеви, а каде едвај преживуваат

КОНЕЧНО ОТКРИЕНИ ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Еве каде заработуваат како кралеви, а каде едвај преживуваат

ЗАЕДНО ПОБОГАТИ ОД РУСИЈА, КАНАДА И ИТАЛИЈА: Кои се јунаците?

ЗАЕДНО ПОБОГАТИ ОД РУСИЈА, КАНАДА И ИТАЛИЈА: Кои се јунаците?

ЦКБ БАНКА ИЗДАВА КОНВЕРТИБИЛНИ ОБВРЗНИЦИ НА СУМА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА - кој сака ќе може да ги претвори и во акции, ова се условите

ЦКБ БАНКА ИЗДАВА КОНВЕРТИБИЛНИ ОБВРЗНИЦИ НА СУМА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА - кој сака ќе може да ги претвори и во акции, ова се условите

КАКО ПОРАСНАА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОЈ СЕ БЛИЖИ ДО АКТИВА ОД ТРИ, А КОИ НАДМИНАА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - најнови податоци на централната банка

КАКО ПОРАСНАА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОЈ СЕ БЛИЖИ ДО АКТИВА ОД ТРИ, А КОИ НАДМИНАА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - најнови податоци на централната банка

ДВЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ETIAS: Проверете дали сте дел од нив

ДВЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ETIAS: Проверете дали сте дел од нив

НОВ БЛОК СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - кој плати 57 илјади евра за 121 акција

НОВ БЛОК СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - кој плати 57 илјади евра за 121 акција

БАНКИТЕ СЕ ПОЛНИ КАКО „БРОДОВИ“ СО ГРАЃАНСКИ ЗАШТЕДИ, СЕГА СЕ 6,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - довербата ја гради и Фондот за депозити, еве што треба да знаеме за сигурноста на парите

БАНКИТЕ СЕ ПОЛНИ КАКО „БРОДОВИ“ СО ГРАЃАНСКИ ЗАШТЕДИ, СЕГА СЕ 6,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - довербата ја гради и Фондот за депозити, еве што треба да знаеме за сигурноста на парите