ЦКБ БАНКА ИЗДАВА КОНВЕРТИБИЛНИ ОБВРЗНИЦИ НА СУМА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА - кој сака ќе може да ги претвори и во акции, ова се условите
Објавено во: Финансии 25 Декември, 2024 11:42
На 25 јануари идната година ќе се одржи вонредна седница на Собранието на акционери на Централна кооперативна банка.
Се очекува акционеритена банката да ја изгласаат одлуката за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници, по пат на јавна понуда. Ова всушност ќе биде втора емисија на обврзници на оваа банка.
Сумата на конвертибилните обврзници ќе иснесува 6 милиони евра.
Дел од издадените конвертибилни обврзници во износ од 5.000.000 евра ќе се користи за предвремено исплаќање на претходно издадената прва емисија долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници, а останатиот дел од 1.000.000 евра ќе се користи за предвремено исплаќање на претходно искористен субординиран долг во износ од 1.000.000 евра, спроведени на начин, пропишан со Одлуката на НБРСМ за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот.
Долгорочните должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници се неограничено преносливи, во нематеријализиран облик и гласат на име. Долгорочните должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници носат право на камата. Опцијата за конвертирање му дава право на имателот на обврзниците да ги конвертира обврзниците во обични акции со право на глас, на негово барање. Конверзијата на обврзниците во акции ќе се изврши на тој начин што ќе се земе цел дел од количникот на номиналната вредност на вкупните обврзници, предмет на конверзија и цената на конверзија 41.2069 ЕУР. Остатокот од тој количник помножен со 41.2069 ЕУР ќе се исплати на барателот на конверзија во денари по среден курс на НБРМ за евра на денот на исплатата, во рок од 3 дена по истекот на рокот на достасување на обврзницата.
Номинална вредност на долгорочните должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници што се издаваат ќе биде 100.000 ЕУР по лот – по обврзница.
Долгорочните должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници ќе се понудат со цена за лот од 100.000 ЕУР во денарска противвредност.
Рокот на доспевање е девет години од денот на настанатиот прилив на парични средства на сметка на банката.
Целта поради која се издаваат конвертибилните обврзници е зајакнување на вкупниот финансиски капацитет на Банката, со што таа планира да ги оствари поставените бизнис цели утврдени во Деловната политика на Банката за 2025 година, Финансискиот план за 2025 година и Развојниот план за период од 2025 година до 2028 година, како и дополнително зголемување на капиталот на Банката и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.
Обврзниците нема да бидат гарантирани, ниту се покриени со друг вид обезбедување од страна на Банката или лице поврзано со неа.
Долгорочните должнички хартии од вредност -
конвертибилни обврзници се со годишна
каматна стапка од 2,2 отсто, фиксна за целиот
период.
Исплатата на каматата ќе се врши во денарска
противвредност по среден курс на НБРСМ за
евра на денот на исплатата, еднаш годишно,
сметано од денот на настанатиот прилив на
парични средства по основ на уплата на
конвертибилните обврзници во Банката.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





