НОВ БЛОК СО АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - кој плати 57 илјади евра за 121 акција
Објавено во: Финансии 24 Декември, 2024 11:42
Откако кон крајот на минатата недела на Берзата поминаа два блока од по 200 акции и по цена од 29.000 денари за акција на Комерцијална банка, денеска повторно блок со акциите на таа банка.
За однапред познат купувач се продадени 121 акција, овој пат по повисока цена, од 29.100 денари за акција, или сето тоа прави вкупната зделка да изнесува над 57 илјади евра.
А, во текот на вчерашниот ден на редовниот пазар имаше благо намалување на цената, таа изнесуваше 28.713,35 денари за акција, при што биле истргувани 358 акции.
Акциите на Комерцијална банка се барани затоа што тоа акционерско друштво е исклучително профитабилно и има одлична дивидендна репутација, а цената постојано оди нагоре, така што има одлична можност за остварување на капитални добивки.
Како што веќе пишуваше Фактор, петокот беше прилично „плоден“ на Македонската берза. И по промет, и по блокови, и по постигнати цени на акции. Акциите на Комерцијална банка тогаш надминаа 29 илјади денари за акција. На берзата поминаа две блок трансакции во кои за однапред познат купувач се продадоа по 200 акции на банката, или вкупно 400, по идентична цена од по 29 илјади денари за акција. Значи, некој или некои за 400 акции на Комерцијална банка плати вкупно околу 190 илјади евра. На редовниот пазар во петокот исто така беше „жестоко“, па акциите таму достигнаа по 29.032 денари за акција, а се продадоа 686 акции, што значи дека и на тој пазар е остварен промет од 324 илјади евра.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





